И на ангелот на Сардската Црква напиши му: еве што вели Оној, Кој ги има седумте ѕвезди: ги знам делата твои; носиш име дека си жив, а си мртов. Биди буден и утврдувај ги оние што се на умирање, бидејќи делата твои не ги најдов совршени пред Мојот Бог.
Отк. 3,1-2
На тој камен ќе ја изгградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. Мт. 16,18
ДОАЃАЊЕТО НА АНТИХРИСТОТ
Едната, Света, Православно-Соборна и Апостолска Црква влезе во XX век во состојба на надворешен просперитет, но и во сериозно внатрешно растројство. Руското царство, кое ја имаше најголемата помесна Црква и во кое живееја мнозинството православни христијани, достигна врв на својата политичка и економска моќ. Но, тоа беше растргнато од судирите и поткопано од страна на слободните мислители и револуционери. Во 1904 – 05 г. беше сериозно разнишано од поразот во Руско – Јапонската војна, како и првата неуспешна револуција, за конечно да падне во 1917 г. Останатите православни народи живееја во Отоманското царство, кое во 1917 г. падна. Прочитај повеќе →
Број на посети:
390