За подобро да го запознаеме лицето на екуменизмот приложуваме до некаде скратени изводи од проекуменистичката книга “Миротворци” која подробно ја опишува екуменистичката одисеја на патријархот Атинагора. Слична режија е забележителна и во сите слични спектакли на неговите наследници и истомисленици.
СРЕДБА ВО ЕРУСАЛИМ
Средбата на папата Павле шести и патријархот Атинагора во Ерусалим била прва средба на поглаварите на Рим и Цариград во последните 526 години, поточно од средбата во Ферера помеѓу патријархот Јосиф II и папата Евгениј IV. Откако заеднички ја прочитале молитвата “Оче наш”, размениле целив на мирот и заедно го благословиле народот, на крајот патријархот го дарувал папата со скапоцена архиерејска панагија, со представа на Господа како Учител, символ на епископската почест на православните иерарси. Прочитај повеќе →
Број на посети:
14