Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија

Кон Богородица сега прибегнуваме ние грешни и смирени, и паѓаме во покајание, и од длабочината на душата повикуваме: Владичице помогни ни, поради нашите многубројни прегрешенија не одвраќај ги Твоите раби празни, зашто Ти си единствена надеж која ја имаме.

 

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО И КОГО СЛАВИТЕ НА 1-ВИ МАЈ?

 

Првомајското празнување е народен обичај подметнат од страна на комунистите, кој се состои во тоа што на 1-ви мај да се помине во природа или ноќта во пресрет на први мај да се помине во природа покрај логорски оган, каде се подготвува некое јадење во котле или на скара. За несреќа, помеѓу нас овој празник е многу распространет.

 Први мај исто така е празник кој се прославува ширум светот. Во многу земји први мај се поистоветува со празникот на трудот, кој произлегол од комунистичката традиција на работничкото движење. Прочитај повеќе

Велики Петок

1. Тогаш Пилат Го фати Исуса и Го бичува.
2. И војниците, кога сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа багреница,
3. и велеа: „Радуј се, Царе Јудејски!” – и Го удираа по образите.
4. Пилат пак излезе надвор, со трнов венец и багреница. И им рече: „Еве, ви Го изведувам надвор, за да разберете дека не наоѓам во Него никаква вина.”
5. Тогаш излезе Исус надвор, со трнов венец и багреница. И им рече Пилат: „Еве Го Човекот!” Прочитај повеќе

ЗА ЦЕЛОМУДРИЕТО

 „ДОКОЛКУ ЖЕНАТА ГИ ИЗГУБИ ВОЗДРЖАНИЕТО, ЦЕЛОМУДРЕНОСТА И СКРОМНОСТА КОИ И СЕ ДАРУВАНИ ОД ГОСПОДА, НИЕДНА ЖИВА ДУША НЕМА ДА СЕ СПАСИ“.  

Преподобен Јован Лествичник

ЦЕЛОМУДРИЕТО е оттргнување од сите видови на блудни дела и отфрлање на се што ги поттикнува, вклучувајќи ги блудните помисли и мечтаењето (фантазија). Пред стапувањето во брак и вон бракот, целомудрието е поврзано со чување на девственоста, а во бракот, со чувањето на сопружничката верност. Целомудрието е заповед дадена од Бога, Кој рекол:”Не врши прељуба”(2 Мој 20,14 и Пр. 6,25) Колку паднавме… Во современата култура, за жал, повеќе од се останато, се здружени токму против оваа добродетел, токму неа повеќе од сите други и се потсмеваат и се трудат да ја заборават. Прочитај повеќе