Св. Теодор Студит: Поука во крстопоклона среда

Браќа и отци! Со Божја помош стигнавме и до средината на Светата Четириесетница и се радува душата на секој христијанин бидејки се приближува Светата Пасха и ни носи одмор по големите трудови и подвизи во постот. Јас ова го зборувам затоа што целиот наш минлив живот може да се спореди со Светата Четириесетница, како подготовка за идната вечната Пасха. Прочитај повеќе

Преподобен Јован Мосх: Лимонар (14)

ГЛАВА 32

Обраќање на Вавил комедијантот 

Имаше еден комедијант во Тарс Киликијски по име Вавил. Тој имаше две пријателки. Едната се викаше Комита, а другата Никоса. Вавил во својот живот правеше работи кои се долични само на луѓе кои соработуваат со демоните. Прочитај повеќе

Преподобен Јован Мосх: Лимонар (13)

ГЛАВА 30

Друго чудо со светата Причест

Таде е трговски центар на Кипар во чија близина се наоѓа манастир по име Филоксен. Поминувајќи оттаму најдовме во манастирот еден монах со потекло од Мелитинскиот остров, кој се викаше Исидор. Видовме како непрестано плаче, горко офкајќи. Многумина го тешеа за барем малку да му ја ублажат тагата, но тоа беше без успех и тој и понатаму плачеше, едвај изговарајќи:

„Јас сум голем грешник, толку голем, што уште од Адама па до денес таков нема постоено на светот.“ Прочитај повеќе

Св.Филарет Нов Исповедник (Вознесенски): ПОСЛАНИЕ

Пoслание на Митроолит Филарет до браќата во Христа православни епископи и до сите на кои им е драга судбината на Руската Црква

 

Пред некое време Советската власт во Москва и по разните краишта на светот ја празнуваа годишнината на октомвриската револуција од 1917 година, која што и ги донесе на власт.

Ние во тие денови си спомнуваме за почетокот на крстниот пат на Руската Православна Црква, на која, до ден денес како да се нафрлиле сите сили на адот. Судрувајќи се со отпорот на силните по дух архипастири, пастири и мирјани, комунистичката власт за борба со религијата уште од првите денови се трудеше да ја ослаби Црквата, не само со убивање на нејзините посилни водачи, но и по пат на создавање расколи. Прочитај повеќе