ПРЕКИН НА ЦРКОВНОТО ОПШТЕЊЕ ВО СВЕТО-ОТЕЧКОТО ПРЕДАНИЕ (1)

Преподобен Максим Исповедник на сите тогашни патријарси им рече:

„Сите вие сте еретици, а јас со мојата мала група сум сета Православна Црква.“

Замислете ја таквата смелост.

„Што ќе правиш без свештенство?“

„Се причестивме уште пред вашиот пад и таа причест ни е доволна до смртта.“

Тоа е одговорност за верата!

Секој свештеник, секој монах и секој мирјанин мора така да биде одговорен за Православието.

 

Пред се, неопходно е да се прецизира, дека нашите иерарси постојано ја менуваат смислата на зборовите на св. Игнатиј Богоносец, кои се однесуваат на епископите, а всушност, инсистираат на тоа, дека светителот за епископите рекол: „…без епископ нема црква“. Сепак, зборовите на светителот означуваат нешто друго. Светителот вели: „Сите почитувајте ги ѓаконите како Исуса Христа и епископот, кој е икона на Отецот и презвитерите како собор Божји и како собор на апостолите. Без нив нема Црква“. Црква нема и без ѓакони и без презвитери (свештеници), а не само без епископите. Освен тоа, св. Игнатиј учи: „Кој и да говори нешто друго што е заповедано во Преданието, дури ако е и достоен за доверба, дури ако е испосник, дури ако тој живее и целомудрено, прави чуда, пророкува – за тебе нека ти биде како волк во јагнешка кожа, бидејќи е поборник за духовна погибел… И ако таквиот го раздаде својот имот на бедните и планини поместува и ако телото свое го предаде на мачење, нека ти биде за тебе противник, бидејќи ги понижува законот и пророците чии што зборови ги исполни Христос со Своето пребивање на земјата. На таквиот гледај како на антихрист…“

И епископите не се исклучок, ова и на нив се однесува.

Православната Црква е христоцентрична, а не епископоцентрична. Кога на утрената се чита Евангелие, тогаш Христос невидливо присуствува и говори во храмот и епископот го симнува својот омофор, покажувајќи, според зборовите на св. Симеон Солунски, дека и тој слуша и се потчинува на Архиерејот Христос.

Св. Атанасиј Велики пишува: „Ако епископот или свештеникот кои се очи на Црквата имаат лошо однесување и го соблазнуваат народот, тогаш треба да се протераат. Подобро без нив собирајте се во домот за молитва, отколку заедно со нив, како со Ана и Кајафа, да бидете фрлени во геена огнена. Има некои кои се во зловерие, одалечете се од општење со нив. Ако вети дека ќе прекине со тоа, сметајте го за свој брат. А ако се спротивставува на поправувањето – бегајте од него.“

Свети Атанасиј Велики пишува дека Отците на Првиот Вселенски Собор во своите посланија предупредувале „да не бидеме снисходливи кон оние кои се обидуваат да воведат новотарство во верата.“

Во годините на св. Атанасиј Велики, за време на гонењето на православните од страна на официјалните „Цркви“, сите православни епископи и свештеници биле протерани. Св. Атанасиј напишал: „Во храмовите Господови сега седат еретици… соработници на сатаната“. Сепак, формално во храмовите во тоа време имало канонски и законити свештеници и епископи, и оттука следи, дека за време на ереси, Црква без епископи постои, а ако не би постоела, тогаш светителотби го учел следното: Бидете послушни на вашиот епископ во се што ви зборува и не оставајте го се додека не се повика Собор кој ќе го осуди.“ Сепак, тој не проповедал такво учење. Напротив, св. Атанасиј вели: „Ако епископот или свештеникот кои се очи на Црквата имаат лошо однесување и го соблазнуваат народот, тогаш треба да се протераат. Подобро без нив собирајте се во домот за молитва, отколку заедно со нив, како со Ана и Кајафа, да бидете фрлени во геена огнена.

Друг е случајот кога светителот го дели епископот од патот кој го води човекот кон спасение – тоа е неговиот збор упатен кон епископите кои им се закануваат на православните со прогонство и казни. Светителот ги карактеризира како пријатели на ѓаволот и неговите демони. Можат ли тие да го носат „ликот Христов“ и да припаѓаат на спасоносната Црква Христова? Свети Атанасиј Велики толкувајќи го делот „Чувајте се од лажните пророци, кои доаѓаат кај вас во јагнешка кожа, а внатре се волци грабливци. По плодовите ќе ги познаете “(Мт. 7, 15), следното го пишува за епископите еретици: „Ако видиш, брате, било кој да има изглед благопристоен, ти не гледај на тоа дали тој е облечен во овчја кожа, носи ли име на свештеник, епископ, ѓакон или подвижник, туку побрзај да дознаеш за делата – дали е целомудрен, гостопримлив, милостив, оној кој љуби, дали е истраен во молитвите, дали е трпелив. Ако стомакот му е – бог, грлото – ад, ако е слаб на пари и тргува со побожноста, остави го – тој не е мудар пастир, туку волк грабливец. Ако ти умееш да ги распознаваш дрвата според нивните плодови – каков род се, вкус и особини, тогаш, уште повеќе мора да ги препознаваш христопродавачите според делата нивни, бидејќи, тие, носејќи ја маската на побожноста, имаат ѓаволска душа. Ти не собираш од трнот – грозје, ниту од чичакот – смокви, тогаш зошто се надеваш дека од престапникот можеш да слушнеш нешто добро или од предавникот да дознаеш нешто корисно? И така, тргни се од нив како од волци арапски, како од трнот на непослушноста, од чичакот на неправедноста и дрвото на лукавиот.“

Свети Јован Златоуст пишува дека критериум и знак на единството во Црквата не е само општење во таинствата (под водство на епископот, за тоа понапред се говореше), туку пред се, ОПШТАТА ВЕРА. „А кога ние сите исто веруваме, тоа е и единство во верата. Прво: се нарушува заедничката вера, а потоа и општењето во таинствата. А ова се случува ако самиот епископ се отклонува од општата вера! Светителот тоа ни го објаснува: „Не само ако некои ни говорат многу работи кои се спротивни на верата и се презираат, туку и ако и во нешто најмало што е спротивно на верата учат – нека биде анатема“.

Него го прашале: „Што да се прави со оние кои измислуваат учења кои се разликуваат од учењето на апостолите?

„Бегајте од нив“, одговорил светителот, – „и избегнувајте ги“. „Ве молам, тргнете се и избегнувајте ги нивните собирања, бидејќи, подобро е никој да не те води, отколку да те води некој недостоен.“

Светиот Отец јасно му изложува на секој верник, дека самиот е одговорен за својот избор. Свети Златоуст вели: „Ако кај него (пастирот) унакажена е верата, не оди по него, дури да е и ангел.“ „Ако проповеда унакажено учење, не прифаќај го, дури ако е и ангел.“ „Не прифаќај“ овде се употребува, не само во смисла „не примај го учењето“ туку и во смисла „не потчинувај се“, „не слушај го“.

Продолжува…

1 коментар на « ПРЕКИН НА ЦРКОВНОТО ОПШТЕЊЕ ВО СВЕТО-ОТЕЧКОТО ПРЕДАНИЕ (1) »

Напиши одговор на valentin Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *