Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: Црквата Христова – столб и тврдина на Вистината

“Ја празнуваме Педесетница и доаѓањето на Духот” – радосно пее Црквата во големиот и славен ден на Симнувањето на Светиот Дух врз Апостолите. Светиот Дух се симна врз Апостолите и на земјата се јави царството Божјо, дојдено во сила – за што прорекол Господ Исус Христос во времето на Својот земен живот (Марко 9, 10), Царството на Божјиот Дух, Христовата Црква, на која Господ и дал големо ветување дека „ вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мат. 16, 18). Прочитај повеќе

Екуменизам – еклисиолошка ерес (1)

ekumenizamЕРЕС НАД ЕРЕСИТЕ

Православната Црква која со векови одолева на разните ереси, успеала да го сочува неосквернето исповедањето на богочовечката вера која ни ја предаде Господ Христос преку Апостолите и Светите Отци, денеска се наоѓа соочена со досега најголемата опасност. Новата ерес, сеереста на екуменизмот, од сите страни го нагризува единството на Православната Црква, нејзиното учење и вековното канонско устројство.

Феноменот на екуменизмот не е нешто ново и непознато. За него веке со децении се пишува и со право може да се каже дека се работи за една доста сложена појава. За разлика од древните ереси кои ги искривувале поедините точки на православното учење и богочовечкиот лик на Спасителот Христос, екуменизмот се манифестира на разни планови на црковниот живот. Во суштина се работи за цела низа на ереси кои удираат на самиот корен на православната вера – нејзината Црква. Затоа екуменизмот пред се е еклисиолошка ерес.
Прочитај повеќе

Архимандрит Амвросиј Погодин – Св. Марко Ефески и лажната Фирентинска унија

(текстот е комбинација од извадоци од оригиналната книга на 407 страни)

св. марко ефески иконаЗаклучоците на унијата

Дополнителната непогодност со која се сретнала Православната делегација во Фиренца била смртта на Цариградскиот Патријарх. Патријархот бил пронајден мртов во својата соба. На масата (наводно) бил неговиот „тестамент“, со наслов Extrema Sententia, во кој потполно се прифаќа сето она што го проповедала римската црква. Меѓу другото пишувало: “На ист начин јас го прифаќам светиот отец меѓу отците, врховниот понтиф и викар на нашиот Господ Исус Христос, папата на древниот Рим. На истиот начин го прифаќам и чистилиштето. За потврда на тоа го приложувам својот потпис.”

Нема сомнеж дали е напишан овој документ од Патријархот Јосиф. Германскиот научник Фроман, кој детално го истражувал наводниот „тестамент“ на Патријархот Јосиф вели: „Тој документ е толку латинизиран и содржи толку малку мислења кои Патријархот ги искажал неколку денови пред тоа, така неверодостојноста на документот е очигледна“. „Тестаментот“ меѓу историските документи на Соборот во Фиренца се појавува доста покасно. Современиците на Соборот не знаеле за него.  Прочитај повеќе