Преподобен старец Доситеј, Киево – Печерски затвореник (1721 – 1776)

    Девица Дарја – така се викала оваа голема подвижница, позната под името старец Доситеј, – од детски години во манастир ја воспитувала својата баба – монахиња. Излегувајќи од манастирот (таа била дворјанка, и родителите сакале на својата ќерка да и дадат светско образование), Дарја и во светот продолжила да живее подвижнички – во среда и петок воопшто не јадела ништо, а во другите денови не јадела ниту месо, ниту млеко, ниту јајца. Нејзе ја опкружувало раскош и богатство, но во својата соба Дарја спела на тесна даска, ставајќи под својата глава сено. И со големите и со малите, дури и со своите потчинети слуги, таа била подеднакво рамна, никому не противречила и никого не натажувала ни со збор, ни со дело. Често ги повикувала кај себе сиромашните и со нив делела леб и питие. Прочитај повеќе