СВЕТО БОГОЈАВЛЕНИЕ НА НАШИОТ ГОСПОД И БОГ И СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС

СИНАКСАР НА КРШТЕНИЕТО ГОСПОДОВО

По своето враќање од Египет, нашиот Господ Исус Христос беше во Галилеја, во својот град Назарет, каде што и беше воспитан до триесеттата своја година, криејќи ја од луѓето силата и семудроста на своето Божество. Зашто кај евреите никому не му беше допуштено пред триесетата година да има учителско или свештеничко достоинство. Поради тоа и Христос до своите триесет години не почна со проповед, ниту пак објави дека е Син Божји и Велик Архиереј. Прочитај повеќе

СИНАКСАР ВО ПОНЕДЕЛНИК НА ПЕДЕСЕТНИЦА

Се што дише Го слави Господа:

Он ја победува дрскоста на лукавите духови.

 

Во овој ден, понеделник од Педесетница, Го празнуваме Сесветиот и Животворен и Сесилен Дух, едниот од Троица, Бог Кој има еднаква чест, еднаква суштина и еднаква слава со Отецот и Синот.

Во денот на Педесетницата Самиот Свет Дух слезе врз светите апостоли во вид на огнени јазици и остана врз секого од нив, во горната одаја каде што тие престојуваа. Прочитај повеќе

Велика Сабота

Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот. Прочитај повеќе

Велики Петок

Во светиот и Велик Петок ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, пурпурната облека, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, по сето тоа – Крстот и смртта; а сето тоа се изврши во петок. Прочитај повеќе

Велики Четврток

Во светиот и Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино. Прочитај повеќе