СВЕТИ ОТЧЕ ЈОВАНЕ МОЛИ СЕ ЗА НАС ГРЕШНИТЕ!

Исток и запад, север и југ, радувајте се празнувајќи го споменот на светителот и чудотворец. Небеса радувајте се, примајќи го новиот ангел, боговдахновениот молитвеник и бесребрениот пастир, благодатниот исцелител, пророк и благовесник, Јован, милостивиот наш застапник и крепкиот наш посредник на Судот.  Прочитај повеќе

+ ХРИСТОС СЕ РОДИ +

“Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја” (Лк. 2, 14).

Пееја ангелите на небото, кога Синот Божји се роди во Витлеем. Прочитај повеќе

Св. Јован Шангајски: Што подразбираме под зборот православен ?

Набрзо штом почнало учењето Христово почнало да се проповеда на незнабожците, следбениците на Христа во Антиохија, почнале да ги нарекуваат христијани (Дела 11, 26). Зборот христијанин ги означува оние, кои го носат ова име кое му припаѓа на Христос – во смисла, преданост на Христос и на Неговото Учење. Следбениците Христови со радост се нарекувале себе со името на својот љубен Учител и Господ, а непријателите Христови, ги нарекувале Неговите следбеници христијани, пренесувајќи  ја и на нив омразата со која дишеле против Христа.  Прочитај повеќе

Св. Јован, архиеп. Шангајски и Сан Франциски: Пред плаштаницата

Скрбно собрание. Жалосна глетка. Пред нас мртовец, притоа, невообичаен мртовец. Пред нас лежи Царот на небото и земјата, Творец на сета вселена. За нас умре Он… Ние згрешивме, а Он страда. Луѓето ја нарушија заповедта Господова, отстапија од Бога, а Бог, сакајќи да ги привлече кон Себе со Својата љубов, се мачи и умира за нив. Прочитај повеќе