Архиепископ Аверкиј (Таушев): Простувањето на гревовите и лажната христијанска љубов и сеопростување

аверкий

Една од најглавните и најважните последици од големото дело на искупувањето на човештвото, потполно Воскреснатиот тридневен од гробот Христос-Животодателот, е простувањето, или отпуштањето на гревовите. Еве зошто, кога во првиот ден по Своето Воскресение, кога им се јавил на Своите ученици, кога биле собрани заедно, Воскреснатиот Господ давајќи им го мирот, дувнал и рекол: „Примете Дух Свети. На кого ќе му ги простите гревовите ќе му се простат; на кого ќе му ги оставите, ќе му останат“ (Јован 20, 19-23). А понатаму, од книгата Дела Апостолски ние гледаме како светите Апостоли, проповедајќи за Христа Распнатиот и Воскреснатиот од мртвите, веднаш потоа, ги повикувале своите слушатели кон покајание и примање на свето крштение за простување на гревовите. „Покајте се, и да се крсти секој од вас во името на Исуса Христа за простување на гревовите; и ќе го добиете дарот на Светиот Дух“, – така повикувал св. Апостол Петар кон многуилјадната толпа народ, која што го слушала во денот на Педесетница (Дела, 2, 38).  Прочитај повеќе