Св.Филарет Нов Исповедник (Вознесенски): ПОСЛАНИЕ

Пoслание на Митроолит Филарет до браќата во Христа православни епископи и до сите на кои им е драга судбината на Руската Црква

 

Пред некое време Советската власт во Москва и по разните краишта на светот ја празнуваа годишнината на октомвриската револуција од 1917 година, која што и ги донесе на власт.

Ние во тие денови си спомнуваме за почетокот на крстниот пат на Руската Православна Црква, на која, до ден денес како да се нафрлиле сите сили на адот. Судрувајќи се со отпорот на силните по дух архипастири, пастири и мирјани, комунистичката власт за борба со религијата уште од првите денови се трудеше да ја ослаби Црквата, не само со убивање на нејзините посилни водачи, но и по пат на создавање расколи. Прочитај повеќе

Св. Филарет Вознесенски: Беседа на прочка

 

Во целата црковна богослужбена година, денешната вечер претставува една од најсветлите и најрадосните моменти, зашто според поредокот кој што е вкоренет во нашата Православна Црква, верниот народ, стапувајќи во Великиот пост, се моли еден за друг, за прошка на своите свесни и несвесни согрешенија, и на тој начин, помирувајќи се, да стапи на подвижничката арена на светата Четириесетница. Јасно е зошто тоа е така. За време на Великиот пост повеќето чеда на Православната Црква постат и се подготвуваат за причест, иако има и такви кои често постат така, и тоа не само во Великиот пост. Прочитај повеќе