„Имаш име дека си жив, а си мртов.“ (Откр. 3, 1)

Многумина очигледно се трудат да бидат побожни, но бидејќи не внимаваат на словото Божјо, како вистинско и совршено правило, не вложувајќи побожност во она во тоа што таа и се состои, туку во она што е угодно на нивниот слеп разум и тело и така паѓаат во заблуди. Многумина од нив, она што човек го има напишано, неприкосновено го чуваат, а она што Бог го заповедал или забранил, тоа го пренебрегнуваат. Словото и заповедта човечка ја чуваат, а словото и заповедта Божја ја оставаат. Насекаде има многу такви заблуди. Прочитај повеќе