Мироточива икона на Св.Николај Мирликијски Чудотворец

Оваа икона замироточи на самиот ден на св.Николај Мирликијски Чудотворец на 06/19.12. 1996 год. О. Илија Вамке  е чувар на оваа мироточива икона во храмот Св. Николај Чудотворец во Невада, Лас Вегас кој е под омофорот на Блаженејшиот Димитриј, Архиепископ на Америка. Прочитај повеќе

Вистинската ревност на Св. Николај Чудотворец

…Со таква, вистинскa  света ревност и решителна непомирливост, во историјата на Црквата се прославил и светителот Христов Николај, Архиепископ Мир Ликијски Чудотворец, кого го празнуваме на 6 декември според нашиот православен календар[1].

Кој не го познава овој прекрасен светител Христов?

Не само христијаните, туку и муслиманите и многубошците го познаваат и го почитуваат како голем и преславен чудотворец, кој на луѓето брзо им притекнува на помош во секаква неволја и секакво искушение. Оној кој бил на брегот на Црното море, не еднаш можел да ја види иконата на светителот Николај на турските кораби. Таа може да се види и во сиромашните куќи на Кавказ и во шаторите на многуте азиски номади кои го населуваат северот и истокот на Русија, се до Манџурија и Кина. Прочитај повеќе