Вистинските христијани на сите времиња, највнимателно се чувале од отровот на смртоносната ерес и другите лажни учења. Тие неотстапно го почитувале догматското и морално предание на Црквата. Не само што православно верувале во Светата Троица, туку и својот живот, своите подвизи и своето однесување го насочувале кон преданието на Црквата. Карактеристична црта за сите Свети Отци е непоколебливото раководење според преданието на Црквата. Тие заповедаат, дека за вистински духовен наставник треба да се смета само оној, кој во се го следи учењето на отците на Источната Црква и со нивните дела го посведочува и потврдува своето учење. Прочитај повеќе
Св. Игнатиј Брјанчанинов
Св. Игнатиј (Брјанчанинов): Што да се прави ако немаме духовник?
Прекрасна е вашата желба да бидете во потполно послушание кај опитен раководител. Но тој подвиг не е даден во нашево време. Него го нема не само во христијанскиот свет, туку дури ни во манастирите… На нашево време му е даден друг подвиг, поврзан со многу тешкотии и сопки. Ние мораме да го извршиме патувањето – не дење, при јасна сончева светлина, туку ноќе, при бледа светлина од месечината и ѕвездите. Нам ни се дадени како раководство Свештеното (предание) и Светото Писмо: токму тоа го велат Светите отци од подоцнежните времиња. Прочитај повеќе
Архиепископ Аверкиј (Таушев): Живеењето според Бога ќе стане многу мачно
Ќе биде такво, затоа што, оној кој живее среде соблазните нема да може да одолее на нивното влијание. Како ледот кој под дејство на топлината ја губи својата цврстина и се претвара во најмека вода, и срцето, иако исполнето со добра волја, бидејки подложено на соблазнителни влијанија, намерно долготрајни, слабее и се менува. Прочитај повеќе