Свети Филарет Московски: Светоста е обврска на секој христијанин

Беседа на денот на Преподобen Сергeј 23 септември 1847 година 

Но, по примерот на Светиот, Кој ве повика, и вие самите бидете свети во сите ваши постапки.

Зашто напишано е:”Бидете свети, бидејќи Јас сум свет” (1 Петр. 1 :15-16).

   Во царствата на луѓето, народот со особено почитување им се обраќа на оние кои се блиски со царот, во еден дел-поради почитувањето кон царот кој им ја дал својата доверба, владеење, почест, а во друг дел поради надежта дека тие, според власта која им е доверена, ќе бидат нивни застапници и покровители пред царот. Слично на ова, и во Царството Божјо, кое е Црквата Христова, верниот народ, како и вие денес, со побожно почитување им се обраќа на Божјите свети луѓе, почитувајќи ја Божјата благодат која живее во нив и надевајќи се според верата на нивното молитвено застапништво пред Бога и добродетелите заради даруваната им благодат. Прочитај повеќе