Преп. Серафим Платински: Опасности на патот кон живата вера

14212642_625689194266013_8613545488342712735_n

Ајде да позборуваме за опасностите, кои нè очекуваат на патот кон живата и длабока православна вера. Слушајќи ги нашите разговори, би можеле да помислиме дека доволно е да се разгореме со ревност за Православието, и завршена е работата: ти веќе си во Царството Небесно. Но, за жал, имаме противник – ѓаволот; треба да направиме еден чекор – и тој е тука. Ќе зборувам за три насоки, од каде може да се очекува неговиот удар; тоа ќе ни помогне и подобро да разбереме, што е тоа вистинско христијанство.  Прочитај повеќе

Св. Јован Мосх: Лимонар (6)

Лимонар-сликаГлава 11
За авва Агиодул

Авва Петар, презвитер во лаврата свети Сава Освештени, ни раскажуваше за некој авва Агиодул. Во времето кога тој бил игумен во лаврата на светиот Герасим, се случило таму да умре некој монах, а игуменот и да не знае за тоа. Кога црквењакот клепал за да се соберат браќата за да го испратат упокоениот, и старецот дошол во црквата, го видел умрениот брат и се разжалостил, бидејќи не се опростил со него пред да умре. Кога му пријдел му рекол:

„Стани брате и дади ми целив.“ Овој станал, го целивал старецот, а тој му заповедал „Сега заспиј додека Синот Божји не дојде да те воскресне од мртвите.“
Прочитај повеќе

Свети Теодор Студит: ПОУКА НА ЦВЕТНИЦИ

sv. Teodor StuditБраќа и отци! Божествениот апостол Павле, во желба од мрзливи да не направи трудољубиви и сесрдни, говори: Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се! (Фил.4.4). Секогаш имајте, повикува тој, духовна радост, која световните грижи не се способни да ја задушат или да ја уништат. Затоа говори: Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! За ништо не грижете сеГоспод е близу, говори тој, така што може да ве ослободи од секаква нужда и искушенија, затоа – не плашете се, туку во се со молитва и молба со благодарносст изнесувајте ги пред Бога своите барања. (Фил. 4.5-6) Бидејки Тој е подготвен да им помогне  на оние кои Му се молат.  Прочитај повеќе

Св. Јован Мосх: Лимонар (3)

Лимонар-сликаГлава 4
Видение на авва Леонтиј

Авва Леонтиј од општежитието на светиот отец наш Теодосиј ни го раскажа следното:

Кога ги протераа монасите од Нова Лавра, јас се населив во неа. Едно утро слегнав од својата ќелија и отидов во црквата за да се причестам. Кога влегов, видов еден ангел како стои од десната страна на жртвеникот и бидејќи се уплашив тргнав назад накај својата ќелија. Тогаш позади себе слушнав глас кој ми говореше: „Верувај ми авво, откако е осветен овој жртвеник наредено ми е да се населам во него“.
Прочитај повеќе