Света Гора е против правењето „копии“ на атонските чудотворни икони

Свештениот кинотис на Света Гора се огласи во врска со масовната пракса во последните години да се прават „копии“ на прочуените чудотворни икони на Атон, кои потоа се „интронизирани“ во разните митрополии и парохии. Управата на Света Гора на 15 Февруари испрати писмо до сите манастири и нивните скитови „да се воздржат и да избегнуваат вакви појави“ согласно со решението на кинотисот уште од крајот на минатата година. Прашањето ќе биде разгледано на двојниот собор (се состои од постојаните претставници и од игумените на 20 – те манастири) на Света Гора за конечно решение. Прочитај повеќе

Се подготвуваат прогонства на светогорските монаси „непоминајуштих“

Монасите кои што престанаа да го спомнуваат Константинополскиот Патријарх Вартоломеј, добија известување дека ќе треба да ги напуштат своите ќелии. Бројот на монасите кои што прекинаа молитвено општење со Цариградскиот Патријарх е над сто души. Прочитај повеќе

Светогорскиот скит Св. Јован Крстител (Продром) престана со спомнување на патријархот Вартоломеј

Добивме информација дека светогорските монаси од скитот Продром, кој припаѓа на манастирот Велика Лавра, педесет на број, изгласале дека прекинуваат со секакво спомнување на патријархот Вартоломеј.

Братството на скитот е под огромен притисок на манастирот Велика Лавра, и од нив се бара да не престануваат со спомнувањето на патријархот Вартоломеј и да не ја објавуваат јавно донесената одлука. Одлуката на братството до тој степен го разјарила  игуменот на Велика Лавра, што речиси на фашистички начин, газејќи го илјадогодишниот типик на демократско управување, рекол дека од денес го укинува досегашниот начин на управување со скитот! Прочитај повеќе