Св. Филарет Вознесенски: Беседа на прочка

 

Во целата црковна богослужбена година, денешната вечер претставува една од најсветлите и најрадосните моменти, зашто според поредокот кој што е вкоренет во нашата Православна Црква, верниот народ, стапувајќи во Великиот пост, се моли еден за друг, за прошка на своите свесни и несвесни согрешенија, и на тој начин, помирувајќи се, да стапи на подвижничката арена на светата Четириесетница. Јасно е зошто тоа е така. За време на Великиот пост повеќето чеда на Православната Црква постат и се подготвуваат за причест, иако има и такви кои често постат така, и тоа не само во Великиот пост. Прочитај повеќе