Пророштво на Авва Памво

191Иако ова древно пророштво на Старец Памво е изречено многу векови одамна…многу говори за сегашното време во мноштво Православни цркви, за многу епископи, свештенство, монаси и мирјани… Треба да се земе како потсетник, за да го промениме својот живот, да се вратиме кон Вистинскиот Христијански Православен начин на живеење!

…И ова ќе ти го кажам, дете мое, ќе дојдат денови кога христијаните ќе додаваат и одзимаат, и ќе ги изопачат книгите на Светите Божествени Пророци и Светите Отци. Ќе го отфрлат Светото Писмо и механички ќе состават тропари и химни. Нивните умови ќе бидат расипани и ќе бидат отуѓени од својот Небесен Образ. Поради оваа причина Светите Отци ги охрабруваа монасите во пустината, Житијата на светиите, да ги запишуваат не на пергамент, туку на хартија, бидејќи идните генерации нивната содржина ќе ја менуваат според својот вкус. Затоа, како што гледаш злото кое што доаѓа ќе биде ужасно. Прочитај повеќе