Светогорскиот скит Св. Јован Крстител (Продром) престана со спомнување на патријархот Вартоломеј

Добивме информација дека светогорските монаси од скитот Продром, кој припаѓа на манастирот Велика Лавра, педесет на број, изгласале дека прекинуваат со секакво спомнување на патријархот Вартоломеј.

Братството на скитот е под огромен притисок на манастирот Велика Лавра, и од нив се бара да не престануваат со спомнувањето на патријархот Вартоломеј и да не ја објавуваат јавно донесената одлука. Одлуката на братството до тој степен го разјарила  игуменот на Велика Лавра, што речиси на фашистички начин, газејќи го илјадогодишниот типик на демократско управување, рекол дека од денес го укинува досегашниот начин на управување со скитот! Прочитај повеќе