ЦРКОВНО ПРЕДАНИЕ

Вистинските христијани на сите времиња, највнимателно се чувале од отровот на смртоносната ерес и другите лажни учења. Тие неотстапно го почитувале догматското и морално предание на Црквата. Не само што православно верувале во Светата Троица, туку и својот живот, своите подвизи и своето однесување го насочувале кон преданието на Црквата. Карактеристична црта за сите Свети Отци е непоколебливото раководење според преданието на Црквата. Тие заповедаат, дека за вистински духовен наставник треба да се смета само оној, кој во се го следи учењето на отците на Источната Црква и со нивните дела го посведочува и потврдува своето учење. Прочитај повеќе