Преп. Серафим Платински: Опасности на патот кон живата вера

14212642_625689194266013_8613545488342712735_n

Ајде да позборуваме за опасностите, кои нè очекуваат на патот кон живата и длабока православна вера. Слушајќи ги нашите разговори, би можеле да помислиме дека доволно е да се разгореме со ревност за Православието, и завршена е работата: ти веќе си во Царството Небесно. Но, за жал, имаме противник – ѓаволот; треба да направиме еден чекор – и тој е тука. Ќе зборувам за три насоки, од каде може да се очекува неговиот удар; тоа ќе ни помогне и подобро да разбереме, што е тоа вистинско христијанство.  Прочитај повеќе

Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: Колку сме свесни за својата Православност и за величината на Православната Вера

“О, чудесно, животворно, Божествено Православие!
Јас го гледам твојот светол образ.”
(Св. Јован Кронштадски)

apbinfrontkursk Недела на Православието! Заврши првата седмица на Великиот Пост и нашата Света Црква, како грижлива Мајка, за духовно да не охрабри за понатамошниот пост, ни приреди духовна слава. Во првиот неделен ден на Великиот Пост се потсетуваме на големата радосна случка – конечната победа на Светото Православие над последната страшна ерес која ја збунувала Црквата: симнувањето на иконоборството и воспоставувањето на благочестивото иконопочитување, што се случило во 842 година по Рождеството Христово во Византиската империја за време на “светата и преблажена царица” Теодора, и Патријархот Методиј. Со ова сеќавање соединет е и празникот “Торжество на Паравославието” воопшто: победната слава на православната вера над сите злосторнички ереси, лажни учители и расколи…  Прочитај повеќе

Архимандрит Амвросиј Погодин – Св. Марко Ефески и лажната Фирентинска унија (крај)

5692628680_e0830d60ff_bСмртта на Свети Марко

Св. Марко умрел на 23 јуни 1444 год. во 52 година од животот. Георгиј Схолариј вака пишува за смртта на Св. Марко: „Нашата жалост беше уште поголема бидејќи ни беше земен пред да остари во добродетелите кои ги стекна, пред да можевме доволно да се науживаме во неговото присуство, во силата на неговиот минлив живот! Прочитај повеќе

Архимандрит Амвросиј Погодин – Св. Марко Ефески и лажната Фирентинска унија (втор дел)

220px-Mark_of_Ephesus

Конечно дошол и крајот на Соборот. Напишана е Одлуката за Унијата во која Православните го отфрлиле Православието, и ги прифатиле сите латински формулации и иновации кои од неодамна се појавиле кај нив, меѓу кои и учењето за чистилиштето. Исто така е прифатен и екстремниот облик на папизмот, и на тој начин е отфрлена основната еклисиологија на Православната Црква. Сите православни делегати ја прифатиле и ја потпишале Унијата, било во свое име, или во име на Источните Патријарси што ги претставувале. Потпишувањето на 5 јули 1439 година било пропратено од триумфална служба, и по официјалната објава на Унијата, прочитана на латински и на грчки јазик, грчките делегати го целувале Папиното колено. Од административен аспект, целата Православна Црква потпишала: императорот Јован, митрополитите и претставници на Источните патријарси, Митрополитот на Киев Исидор и рускиот Епископ Аврам. САМО ЕДЕН ИЕРАРХ НЕ ПОТПИШАЛ. Нема ни потреба да спомнуваме за кого станува збор: СВ. МАРКО ЕФЕСКИ. Но, никој ни најмалку не обрнувал внимание на него. Што бил еден човек, посрамотен и смртно болен во споредба со моќниот ватикан, предводен од Папата Евгениј IV? Што бил тој еден грк во споредба со мнозинството грчки достоинственици предводени од императорот Јован и грчките митрополити? Постои една руска поговорка: “Еден човек самиот не ја сочинува војската”. Меѓутоа тој еден човек ја претставувал целокупната Православна Црква. Тој еден човек во себе ја претставувал полнотата на Православната Црква. Бил џин над џиновите, носејки ја во себе сета светост на Православието и сета нејзина сила! И затоа Папата, кога му била покажана Одлуката за Унијата, потпишана од страна на сите Грчки делегати, откако на неа не го видел потписот на Св. Марко, рекол: „И така, не постигнавме ништо.“ Сиот успех на Ватикан бил илузорен и со краток век. Папата на сите начини пробал да го убеди Св. Марко да ја потпише Унијата, факт кој е потврден од страна на Андреј од Родос како и Сиропулос. Тогаш Папата побарал Св. Марко да биде расчинет откако овој одбил да ја поптише одлуката за Унијата. Но, императорот Јован не дозволил да го чепкаат, бидејќи во длабочината на срцето имал почит кон Св. Марко. Сиропулос пишува за последниот состанок на Св. Марко со папата: „Папата побарал од императорот Св. Марко да излезе пред него. Императорот го убедувал говорејки: Кога Папата побарал веќе два или три пати да излезеш пред него, тогаш мораш да одиш; но не се плаши, бидејки јас веќе говорев со него и обезбедив да не смеат да те напаѓаат или да те повредат. Затоа оди, и слушни се што ќе ти говори, и одговори му на начин на кој сметаш дека е најдобар. И така Св. Марко отишол пред папата и го нашол во неформален разговор во неговите одаи со кардиналите и со бискупите, не бил сигурен на кој начин да покаже почит. Видувајќи дека сите околу папата седат, рекол: Страдам од болест на бубрезите и воспаление на зглобовите и немам сила да стојам. и продолжил седејќи. Папата долго разговарал со Mарко; негова намера била да го убеди да ги следи одлуките на Соборот и да ја потврди Унијата, и ако реши да одбие, дека ќе биде третиран како оние кои ги отфрлиле поранешните одлуки на Вселенските Собори, со ускратен пристап до Црквата и исфрлување како еретиците. На зборовите од папата, Марко одговорил со други и решителни зборови. По повод заканите од папата рекол: „Соборите на Црквата ги осудувале како отпадници оние што престапиле некоја догма проповедајки и борејќи се за тоа, и поради тоа се прогласени за еретици; затоа Црквата прво ја анатемисала ереста, а потоа и водачите на ересите и нивните поборници. А јас немам намера да проповедам моето сопственото учење, ниту пак воведов нешто ново во Црквата, ниту пак бранев некоја непозната и погрешна доктрина; туку само се придржував до учењето кое Црквата го примила во чист облик од нашиот Спасител, и во кое цврсто останала до денешен ден; учењето кое светата римска Црква, го држела со нас пред расколот како и Источната црква; учењето кое, бидејќи е свето, во минатото го почитувавте, и неколку пати на овој Собор го спомнувавте со почитување и чест, и кое никој не може да го побие или да го негира. И ако јас го држам и не можам да дозволам на себе си да го напуштам, кој Собор ќе ме одлачи како еретик? Кој здрав и побожен ум ќе ми го направи тоа? Бидејки прво морате да го проколнете учењето кое го држам; а ако сте го признале како побожно и Православно, зошто тогаш сум заслужил казна? Кажувајќи го тоа како и уште некои други работи во истиот манир, и сослушувајки го Папата, се вратил во својата одаја.“ По Соборот Св. Марко се вратил во Константинопол заедно со императорот Јован, на 1 февруари 1440 година. Колку болно враќање било тоа! Штом стапил на копно, императорот бил информиран за смртта на неговата сакана сопруга; по што скршен од болка императорот не ги напуштал своите одаи цели три месеци. Никој од иерарсите не сакал да ја прифати столицата на Патријарх на Константинопол, знаејки дека тоа би значело обврска за спроведување на Унијата. Луѓето што ги среќавале, како што сведочи грчкот историчар Дукас, ги прашувале православните делегати кои ја потпишале Унијата: „Како пројде Соборот? Победивме ли?“ На што иерарсите одговарале: „Не! Ја продадовме својата вера, ја трампавме побожноста за безбожништво (Православните доктрини за ерес) и станавме азимити (именување кое Грците им го дале на Латините затоа што користеле бесквасни лебови во Евхаристијата).“ Тогаш луѓето прашувале: „Зошто потпишавте?“ Делегатите: „Од страв од Латините“. Народот: „Ве тепаа ли латините, ве фрлија ли во темница?“ Делегатите: „Не, но нашата десна рака потпиша: да ја отсечеме! Нашиот јазик исповеда: нека биде откорнат!“ Настанала болна тишина. Иако бил Чесниот Пост, време исполнето за молитва, црквите биле празни и немало богослужби: никој не сакал да сослужува со оние што ја потпишале Унијата. Во Константинопол бунтот созревал. Св. Марко бил со чисто срце и немал ништо на својата совест. Но и тој неизмерно страдал. Околу него се собрале сите ревнители на Православието, особено монасите од Света Гора (Атос) и обичните селски свештеници. Целиот епископат, целиот врв – се било во рацете на Унијата, во целост потчинета на претставниците на Ватикан, кои често доаѓале да проверат како се спроведува Унијата меѓу народот. Црквата била во голема опасност, како што напишал Св. Марко: „Унијатската ноќ ја покри Црквата.“ Св. Марко станал слаб по тело, но со духот горел, и поради тоа, како што напишал Јован Евгениос: „Со Божја промисла ја избегнал опасноста, и осветленото светло се вратил зачуван, во татковината каде е дочекан со општа доверба и почит“. Византискиот народ не ја прифатил Унијата: додека сите говори на промоторите на Унијата биле игнорирани, огнените проповеди на Св. Марко имале голем одзив, како што забележува и проф. Острогорски. Современиците на овие случувања, заговорниците на Унијата, пишуваат со лутина за активностите на Св. Марко кои ја поткопувале Унијата. Така, Јосиф Епископот на Метонеја пишува: „Враќајки се во Константинопол, Ефески ја вознемири и збуни Источната Црква со своите пишувања и дирекни обраќања против Соборот во Фиренца“. Андреј од Родос писмата на Св. Марко што ги праќал за да го охрабри Православието ги нарекува – „мошне навредливи“ и „заведувачки“. Црковните историчари од нашите дни, и Православните и латинските, се согласуваат дека распадот на Фирентинската Унија дошол по пишувањата и активностите на Св. Марко. Св. Марко не останал долго во Константинопол, туку набрзо, не известувајки го императорот, отишол за Ефес, во својата област, која не ја посетил, бидејки веднаш по своето устоличување во Константинопол, отишол на Соборот во Италија. Се чини дека постоеле две причини кои го натерале Св. Марко да го напушти Константинопол и да замине за Ефес: пастирската грижа за својот народ кој се нашол под Турците во најтешки околности и желбата околу себе да ги обедини духовно оние кои му останале верни на Православието, бидејќи во Константинопол всушност бил во некаков вид на домашен притвор. Се чини дека дирекно од Ефес Св. Марко ги испраќал своите писма, своето исповедање на верата, и описот на своите активности на Соборот во Фиренца. Сите тие документи можат да се најдат во мојата книга, преведена на руски јазик. Во врска со активностите на Св. Марко во Ефес, Јован Евгениос накратко пишува: „Постојано патувајќи насекаде преку духовното наследство на големиот евангелист и теолог Јован, и работејќи напорно и тешко подолг период, а така телесно слаб; посетувајќи ги напатените свети цркви, попатно градејќи го храмот на Митрополијата со пропратните објекти; поставувајќи свештеници; помагајќи на оние што претрпувале неправда, било поради прогонство или заради судење од страна на безбожниците; бранејќи ги вдовиците и сирачињата; посрамувајќи, казнувајќи, олеснувајќи, поттикнувајќи, научувајќи, утврдувајќи: бил како што и Светиот Апостол рекол, се на сите.“ Јован Евгениос понатаму пишува дека по сето тоа жртвување на светителот за сопствениот народ, покрај постојаната монашка желба за оддалечување и осаменост, конечно посакал да оди на Света Гора. Но, постоела уште една голема причина, за која Јован Евгениос ништо не пишува поради политички причини: Св. Марко самиот пишува за тоа во едно од своите писма: немал мандат од власта, и од таа причина неговиот престој во Ефес бил илегален, и бил натеран да го напушти својот народ, овојпат засекогаш. Коработ со кој Св. Марко пловел за Атос поминал низ островот Лимнос, едно од неколкуте острови кои сеуште и припаѓале на Византија. Тука гардата го препознала Св. Марко, и врз основа на упатствата што веќе ги имале од императорот Јован Палеолог, бил уапсен и затворен. Следните две години Св. Марко страдал во заточеништво. Јован Евгениос нè информира за тој период од животот на светителот: „Кој нема да се начуди на тоа чудо, или нема да ја види величественоста на душата во издржливоста на несреќите кои тој ги покажа: патејќи на вжештеното сонце и борејќи се за најнеопходното, страдања кои по болестите се ределе една по друга, или издржувањето на болното заточеништво додека ордите на безбожните муслимани го опколувале островот и го уништувале.“ Еднаш островот бил загрозен од турската флота која го опседнувала. Но, опасноста неочекувано поминала, и спасените жители на островот тоа му го припишале на молитвите на Св. Mарко, кој бил затворен во тврдината. Св. Марко никогаш не се жалел на својата лоша состојба; само во едно писмо можеме да видиме колку страдал и колку му била потрбна поддршка. За тоа тој му пишува на игуманот на Ватопед: „Имаме големо олеснување од вашите браќа кои се овде, почитуваниот црковник, големиот економ и други, во кои ја видовме насликана вашата љубов и побожност; бидејќи ни покажаа љубов, нè утешија и нè зајакнаа. Господ нека ви даде дарови за нивните напори и љубов!“ Иако се нашол во така тешки околности, Св. Марко ја продолжил својата борба за Црквата, како што пишува во едно од своите писма: „Затворен сум. Но Божјото слово и силата на Вистината не можат да бидат заврзани, туку уште посилно течат и напредуваат, и многумина од браќата, поттикнати од моето прогонство, ги отфрлија оптужбите на беззакониците и на оние што ја нарушиле Православната вера и обичаи на татковината.“ Знаел дека неговото исповедање е неопходно, затоа и напишал: „Да немаше прогони, мачениците немаше да блеснат, ниту пак исповедниците ќе примеа победнички венци од Христа и преку својот подвиг немаше да зајакнат и да се зарадува Православната Црква.“ По две години, императорот Јован наредил да го ослободат на Св. Марко, и му дозволил да оди каде сака. Тоа ослободување се случило на денот кога се слават Светите седум отроци во Ефес, и Св. Марко им посветил пофална песна. Св. Марко повеќе немал физичка сила за аскетски напор на Света Гора; станал многу слаб, и затоа отишол во својата куќа во Константинопол. Последната година или две од својот свет живот, Св. Марко ги поминал во болни услови во болест и прогонства од унијатскиот епископат. Во тоа време, тој многумина обратил во Православието преку своето лично влијание. Особено битно за црквата било враќањето на Георгиј Схолариј, кој ја презел позицијата на водач во борбата за Православието; по падот на Константинопол станал патријарх под име – Генадиј. Во последните две години од животот на Св. Марко, се случиле многу работи. Источните Патријарси го осудиле Соборот во Фиренца и го нарекле „тирански и лажен“, одбивајки да ја прифатат Унијата. Кога Митрополитот Исидор, еден од најголемите предавници на Православието, се појавил во Москва со папскиот крст пред себе, бил уапсен од големиот Московски кнез Василиј Василевич, и потоа го испратиле да се пресели во Рим, каде примил кардиналска шапка. Според преданието, Св. Марко бил многу задоволен од постапката на Великиот Московски кнез и го поставил како пример на византиските власти. Во Константинопол, напротив, Унијата била значајно зајакната. Можеме да кажеме дека Унијатството не само што станало државна црква на Византија, туку постепено влегла, преку епископатот во целиот црковен живот. Само поединци, собрани околу Св. Марко во тоа време ја претставувале Православната Црква. Постојаните претставници на Ватикан, предводени од кардиналот Исидор, ја надгледувале официјалната лојалност на Унијата во Византиската црква и власта, условувајќи го со тоа папското ветување дадено на Византија. Опасноста за Црквата била огромна, и Св. Марко бил свесен за тоа. Знаел дека битката за Православието мора да се стави пред сè, нарекувајки ги Унијатите: „убиени души искушани во врска со Светите тајни на верата“. И тој, водачот на битката, кој марширал на чело на војската, едвај одел, исцрпен од болести и повреден од човечките измами. Но, силата Божја се покажува во слабоста!

Продолжува…

Поврзани натписи

Архимандрит Амвросиј Погодин – Св. Марко Ефески и лажната Фирентинска унија

(текстот е комбинација од извадоци од оригиналната книга на 407 страни)

св. марко ефески иконаЗаклучоците на унијата

Дополнителната непогодност со која се сретнала Православната делегација во Фиренца била смртта на Цариградскиот Патријарх. Патријархот бил пронајден мртов во својата соба. На масата (наводно) бил неговиот „тестамент“, со наслов Extrema Sententia, во кој потполно се прифаќа сето она што го проповедала римската црква. Меѓу другото пишувало: “На ист начин јас го прифаќам светиот отец меѓу отците, врховниот понтиф и викар на нашиот Господ Исус Христос, папата на древниот Рим. На истиот начин го прифаќам и чистилиштето. За потврда на тоа го приложувам својот потпис.”

Нема сомнеж дали е напишан овој документ од Патријархот Јосиф. Германскиот научник Фроман, кој детално го истражувал наводниот „тестамент“ на Патријархот Јосиф вели: „Тој документ е толку латинизиран и содржи толку малку мислења кои Патријархот ги искажал неколку денови пред тоа, така неверодостојноста на документот е очигледна“. „Тестаментот“ меѓу историските документи на Соборот во Фиренца се појавува доста покасно. Современиците на Соборот не знаеле за него.  Прочитај повеќе