СВ.ФИЛАРЕТ МОСКОВСКИ: ПОУКИ ЗА ДУХОВНИОТ ЖИВОТ

Само смирението може да и донесе мир на нашата душа. Душата која не е смирена и која постојано е во вртлогот на страстите, мрачна е и матна како хаос. Дозволете и да најде сила во смирението и дури тогаш во неа ќе се појави вистинска светлина. Дури тогаш во неа ќе настане складен свет на исправни помисли и чувства. Прочитај повеќе

Св. Теодор Студит: Поука во крстопоклона среда

Браќа и отци! Со Божја помош стигнавме и до средината на Светата Четириесетница и се радува душата на секој христијанин бидејки се приближува Светата Пасха и ни носи одмор по големите трудови и подвизи во постот. Јас ова го зборувам затоа што целиот наш минлив живот може да се спореди со Светата Четириесетница, како подготовка за идната вечната Пасха. Прочитај повеќе

Духовни поуки на старец Теофан Новоезерски

  • imagesДуховниот живот, – говори старецот, – треба да биде прост, чистосрдечен, кроток, благопокорлив и смирен. Смирението е спасение без труд. Смирението на срцето е првиот и најглавен темел на домот душевен и на монашкиот живот. Зашто и Христос, Синот Божји, говори: „поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши“. (Мат. 11, 29).

* * *

          Ако од некого бидеме навредени, треба да кажеме: згрешив, прости ради Бога, а во себе, представувај си ги своите гревови, размислувајќи: јас сум достоен за казна и за повеќе од тоа. Прочитај повеќе