ОДЛУКА ЗА КАНОНИЗАЦИЈА НА РУСКИТЕ НОВОМАЧЕНИЦИ

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух

 

Соборот на епископи на Руската Православна Црква Задгранична со длабока почит го разгледа подвигот на мачеништво и исповедништво на безбројните верници на руската земја кои пострадаа од рацете на безбожниците – гонителите на верата Христова.

Уште од времето на Великиот Кнез Владимир рускиот народ со сето срце ја прифати православната вера. Таа ги вдахновнувала бројните свети кнезови, иерарси и подвижници осветувајќи ги христијанските темели на руската култура. Прочитај повеќе

ЦРКВА И РЕВОЛУЦИЈА

И на ангелот на Сардската Црква напиши му: еве што вели Оној, Кој ги има седумте ѕвезди: ги знам делата твои; носиш име дека си жив, а си мртов. Биди буден и утврдувај ги оние што се на умирање, бидејќи делата твои не ги најдов совршени пред Мојот Бог.

Отк. 3,1-2 

На тој камен ќе ја изгградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. Мт. 16,18

 

ДОАЃАЊЕТО НА АНТИХРИСТОТ

Едната, Света, Православно-Соборна и Апостолска Црква влезе во XX век во состојба на надворешен просперитет, но и во сериозно внатрешно растројство. Руското царство, кое ја имаше најголемата помесна Црква и во кое живееја мнозинството православни христијани, достигна врв на својата политичка и економска моќ. Но, тоа беше растргнато од судирите и поткопано од страна на слободните мислители и револуционери. Во 1904 – 05 г. беше сериозно разнишано од поразот во Руско – Јапонската војна, како и првата неуспешна револуција, за конечно да падне во 1917 г. Останатите православни народи живееја во Отоманското царство, кое во 1917 г. падна. Прочитај повеќе

Учењето на светите маченици за исламот

 

Новомачениците кои пострадале од  агарјаните” и се прославени од Црквата, стојат некако одделно од низата други, древни и нови маченици. Тие не биле убиени од незнабошците како мачениците од првите векови, не биле убивани од џелатите по заповед на безбожниците како во случајот со прославениот хор на руските новомаченици. Нив ги убивале монотеисти. Тоа уште еднаш потсетува дека нервот на сведоштвото на христијанските маченици – не е јавувањето на еднобоштвото, туку исповедањето на Христа, вистинскиот Бог и вистинскиот Човек. Прочитај повеќе