ПРЕКИН НА ЦРКОВНОТО ОПШТЕЊЕ ВО СВЕТО-ОТЕЧКОТО ПРЕДАНИЕ (1)

Преподобен Максим Исповедник на сите тогашни патријарси им рече:

„Сите вие сте еретици, а јас со мојата мала група сум сета Православна Црква.“

Замислете ја таквата смелост.

„Што ќе правиш без свештенство?“

„Се причестивме уште пред вашиот пад и таа причест ни е доволна до смртта.“

Тоа е одговорност за верата!

Секој свештеник, секој монах и секој мирјанин мора така да биде одговорен за Православието.

 

Пред се, неопходно е да се прецизира, дека нашите иерарси постојано ја менуваат смислата на зборовите на св. Игнатиј Богоносец, кои се однесуваат на епископите, а всушност, инсистираат на тоа, дека светителот за епископите рекол: „…без епископ нема црква“. Сепак, зборовите на светителот означуваат нешто друго. Прочитај повеќе

Екуменизам – еклисиолошка ерес (8)

450078108ПАТРИЈАРХОТ АТИНАГОРА ВО ВАТИКАН

Во петок на 26 октомври 1967 г. папата Павле VI и патријархот Атинагора се сретнале по трет пат. Со солзи размениле израз на мистична љубов, свет братски целив што пред очите на милиони гледачи кои сето тоа го набљудувале преку Евровизија, навистина претставувало трогателна сцена. Тоа бил најјак доказ за единството во Христа. Двајцата првоерарси благословувајки го народот влегуваат во преполниот храм во кое кардиналите веке завзеле места, преку двесте членови на Бискупскиот Синод, клирот и претставници на редовните заедници на Рим, членови на дипломатскиот кор и други заедници.
Прочитај повеќе

Архиепископ Аверкиј (Таушев): Простувањето на гревовите и лажната христијанска љубов и сеопростување

аверкий

Една од најглавните и најважните последици од големото дело на искупувањето на човештвото, потполно Воскреснатиот тридневен од гробот Христос-Животодателот, е простувањето, или отпуштањето на гревовите. Еве зошто, кога во првиот ден по Своето Воскресение, кога им се јавил на Своите ученици, кога биле собрани заедно, Воскреснатиот Господ давајќи им го мирот, дувнал и рекол: „Примете Дух Свети. На кого ќе му ги простите гревовите ќе му се простат; на кого ќе му ги оставите, ќе му останат“ (Јован 20, 19-23). А понатаму, од книгата Дела Апостолски ние гледаме како светите Апостоли, проповедајќи за Христа Распнатиот и Воскреснатиот од мртвите, веднаш потоа, ги повикувале своите слушатели кон покајание и примање на свето крштение за простување на гревовите. „Покајте се, и да се крсти секој од вас во името на Исуса Христа за простување на гревовите; и ќе го добиете дарот на Светиот Дух“, – така повикувал св. Апостол Петар кон многуилјадната толпа народ, која што го слушала во денот на Педесетница (Дела, 2, 38).  Прочитај повеќе

Отец Серафим Роуз: Царскиот пат – Вистинското Православие во времето на апостасија.

„Како што велат Отците, крајностите и од една  и од друга страна, 
подеднакво се штетни… Ние треба да одиме по царскиот пат,
чувајќи се од крајностите од двете страни“ (Св. Јован Касијан)

Православните христијани денserafimrouzес живеат во една од најкритичната епоха во историјата на Црквата Христова. Непријателот на човечкото спасение – ѓаволот, често напаѓа од сите страни, трудејќи се на секој начин да ги отргне верните од патот на спасението кој што им го покажува Црквата и да ја потчини на себе дури и самата Црква Христова, без обзир на ветувањето на Спасителот (Мт. 16, 18), та вистинското Тело Христово да го претвори во „екуменистичка“ организација која го подготвува патот на неговиот личен изабраник, Антихристот, големиот светски владетел во последните денови.
Прочитај повеќе