Иеромонах Харитон од Света Гора за еретичките одлуки на Крит и неспомнувањето на епископите

Сакаш ли свет царе да дознаеш за тоа дека тие отстапиле од божествениот пат? Синот  (Божји) и Владика децидно му го говори тоа на народот: Јас сум вратата,(Јн.10.7) патот, вистината и животот (Јн.14.6) кој ќе влезе преку Мене ќе се спаси (Јн.10.9), а кој ќе влезе поинаку, тој е крадец и разбојник (Јн.10.2). (од Посланието на Света Гора против Лионската унија од 1274 год.)

Прво морам да кажам неколку зборови за тоа што навистина е екуменизмот и за каква ерес станува збор. Екуменизмот настана во световните кругови. Од историска перспектива можеме да кажеме дека екуменизмот е движење кое настанало по Втората светска војна – 1948 год. Со цел да ги обедини различните протестантски групи. Несреќата е во тоа што уште од самиот почеток во ова движење била вклучена и Вселенската Патријаршија во Цариград, сакајки така да стапи во Светскиот сојуз на црквите и таму да го оствари правото на рамноправно членство. Прочитај повеќе