Откако Адам згреши пред Бога и се одалечи од Него гревот стана неразделен сопатник на секој човек. Тој зол тиранин кој што ја измачува секоја човечка душа, и нанесува крвави рани од кои што страда и се мачи секој земнороден.
Но, колку и да е голем гревот, колку и да ја притиска и измачува нашата душа, секогаш во пресрет ни доаѓа Добриот Самарјанин Кој е единствен Лекар и Кој вистински може да ја излекува нашата многу напатена и многу страдална душа. Единствен услов за тоа е, ние грешниците да го побараме тоа, бидејќи нашиот Господ и Бог ни дал слободна волја. А дека тоа е навистина така, дознаваме преку параболата за блудниот син: Прочитај повеќе