Екуменизам – еклисиолошка ерес (23)

ШТО ВЕЛАТ КАНОНИТЕ НА СВЕТИТЕ СОБОРИ?

1257753255_2_xl 

  1. правило на Св. Апостоли

Ако некој, макар и в куќа, заедно се моли со одлачен, таквиот нека биде одлачен..

  1. правило на Св. Апостоли

Ако некој, кој се вбројува во клирот, се моли заедно со расчинет(клирик) како со клирик, и самиот нека биде расчинет. Прочитај повеќе

Екуменизам – еклисиолошка ерес (8)

450078108ПАТРИЈАРХОТ АТИНАГОРА ВО ВАТИКАН

Во петок на 26 октомври 1967 г. папата Павле VI и патријархот Атинагора се сретнале по трет пат. Со солзи размениле израз на мистична љубов, свет братски целив што пред очите на милиони гледачи кои сето тоа го набљудувале преку Евровизија, навистина претставувало трогателна сцена. Тоа бил најјак доказ за единството во Христа. Двајцата првоерарси благословувајки го народот влегуваат во преполниот храм во кое кардиналите веке завзеле места, преку двесте членови на Бискупскиот Синод, клирот и претставници на редовните заедници на Рим, членови на дипломатскиот кор и други заедници.
Прочитај повеќе

Екуменизам – еклисиолошка ерес (7)

ПАПАТА ПАВЛЕ VI ВО КОНСТАНТИНОПОЛ

“Папата носејки ја панагијата која му ја поклонил патријархот во Ерусалим пристига пред портите на Патријаршијата. Ѕвончето одекнува, а насобраното мноштво поздравува со аплаузи и со восклици. Го пречекуваат митрополитот халкидонски Мелитон и деркискиот Јаков. Кон папата приоѓа свечена литија составена од ѓакони и архимандрити облечени во златовезни одежди и го следат до влегувањето во патријаршискиот храм св. Георги. Таму го чека Патријархот кој ја носи својата свечена мандија. Со солзи во очите разменуваат целив во Христа и заедно влегуваат во внатрешноста на храмот, додека триесет и петчлениот византиски хор пее “колку е добро и убаво кога браќата живеат заедно” (Пс.132,1). Прочитај повеќе

Екуменизам – еклисиолошка ерес (6)

За подобро да го запознаеме лицето на екуменизмот приложуваме до некаде скратени изводи од проекуменистичката книга “Миротворци” која подробно ја опишува екуменистичката одисеја на патријархот Атинагора. Слична режија е забележителна и во сите слични спектакли на неговите наследници и истомисленици.

СРЕДБА ВО ЕРУСАЛИМ

Средбата на папата Павле шести и патријархот Атинагора во Ерусалим била прва средба на поглаварите на Рим и Цариград во последните 526 години, поточно од средбата во Ферера помеѓу патријархот Јосиф II и папата Евгениј IV. Откако заеднички ја прочитале молитвата “Оче наш”, размениле целив на мирот и заедно го благословиле народот, на крајот патријархот го дарувал папата со скапоцена архиерејска панагија, со представа на Господа како Учител, символ на епископската почест на православните иерарси.  Прочитај повеќе

Екуменизам – еклисиолошка ерес (5)

atinagora

ЕКУМЕНИЗМОТ НА ПАТРИЈАРХОТ АТИНАГОРА -“ВРЕМЕТО НА ДОГМИТЕ ПРОЈДЕ”

Патријархот Атинагора е познат по своите проекуменистички ставови уште од периодот кога е избран за митрополит на Крф (1922) и архиепископ на Америка (1947)г. Прочитај повеќе