Духовната власт на пастирот и слободата на личноста на духовното чедо

Апостол Петар не’ учи како треба да се одвива служењето на душегрижништвото: Чувајте го стадото Божјо… не како да господарите со наследството Божјо, туку да бидете углед на стадото (1 Пет. 5: 2-3).
Свети Григориј Богослов повикувајќи се на зборовите на апостолот Петар (Оние, кои се меѓу вас свештеници, ги молам јас, кој сум и сам свештеник, и сведок на Христовите страдања и соучесник во славата, што ќе се открие: пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради неправедна корист, туку од добро срце (1 Петр. 5: 1-2) и наведува: „Нешто што е принудно е слично на растение кое со сила се витка во рацете, но, штом ќе биде препуштено на самото себе се враќа во претходната состојба. Спротивно на тоа, она што се прави со слободна воља е законско и сигурно бидејќи е утврдено со врските на наклонетоста на срцето. Затоа, нашиот закон и Самиот Основач на законот заповедаат: чувајте го стадото Божјо… не принудно, туку доброволно.“ Прочитај повеќе