ЗА ЦЕЛОМУДРИЕТО

 „ДОКОЛКУ ЖЕНАТА ГИ ИЗГУБИ ВОЗДРЖАНИЕТО, ЦЕЛОМУДРЕНОСТА И СКРОМНОСТА КОИ И СЕ ДАРУВАНИ ОД ГОСПОДА, НИЕДНА ЖИВА ДУША НЕМА ДА СЕ СПАСИ“.  

Преподобен Јован Лествичник

ЦЕЛОМУДРИЕТО е оттргнување од сите видови на блудни дела и отфрлање на се што ги поттикнува, вклучувајќи ги блудните помисли и мечтаењето (фантазија). Пред стапувањето во брак и вон бракот, целомудрието е поврзано со чување на девственоста, а во бракот, со чувањето на сопружничката верност. Целомудрието е заповед дадена од Бога, Кој рекол:”Не врши прељуба”(2 Мој 20,14 и Пр. 6,25) Колку паднавме… Во современата култура, за жал, повеќе од се останато, се здружени токму против оваа добродетел, токму неа повеќе од сите други и се потсмеваат и се трудат да ја заборават. Прочитај повеќе