Од Св. Григориј Двоеслов

Григориј: Нема сомнеж дека крстените деца кои рано умираат одат во Небесното Царство. Меѓутоа, не веруваме исто и за децата што почнале да зборуваат. Зашто, за многу деца се затворени вратите на Небесното Царство поради нивните родители, кои лошо ги воспитувале. Во овој град еден човек им беше познат на сите. Пред три години тој, како што ми се чини, имаше еден син од пет години. Сакајќи го многу телесно, тој го одгледувал без воспитување. И детето, доколку го вознемириле, стекнало навика да ја богохули (и самото наведување е опасност) Божјата величина.