ЦРКВА И РЕВОЛУЦИЈА: Убиството на Царот

Сепак, Соборот не претставуваше успех во секој поглед. Во 1922 г. Митрополит Антониј (Храповицки) напиша: „Ако соборот некаде е крив, тогаш тоа вероватно е затоа што доволно силно не ја осуди револуцијата и симнувањето на Неговото Величество. Кој може да одрече дека февруарската револуција не е само против монархијата, туку подеднакво е и богоборечка? Кој може да го осуди болшевистичкото движење, а истовремено да ја прифати Привремената Влада?“ Прочитај повеќе

ЦРКВА И РЕВОЛУЦИЈА: „Одвојување“ на Црквата од државата

На дваесетти јануари/2 февруари болшевистите го издадоа својот декрет за Одвојување на Црквата од државата и училиштата од Црквата, а беше прикриен под насловот „Декрет за слобода на совеста, црквите и религиозните организации“. До тогаш, тоа беше најголемиот напад на болшевиците на интегритетот на Црквата. Со овој декрет, на религиозните организации им е забрането да поседуваат свој имот, да зимаат прилози, да се организираат во иерархиски структури и да им предаваат веронаука на лица помлади од 18 години. Така да, тоа воопшто не беше декрет во корист на слободата на совеста, туку, како што констатираше Соборот, слобода од совеста за оправдување на најголемите кражби по црквите и убиства, често и најѕверски. Прочитај повеќе

ЦРКВА И РЕВОЛУЦИЈА: Избор на Патријарх

            Соборот заседаваше повеќе од една година, се до септември 1918 г., така времето на неговото одржување се поклопи со најважните случувања во руската историја: војната со Германија, падот на привремената влада, болшевичкиот преврат, распуштањето на Уставотворното Собрание и граѓанската војна. За сите тие случувања Соборот можеше да носи декларации кои го изразуваа мислењето на верните во Русија. Реално, со отсуство на било какво претставничко тело, тоа беше глас на Русија – или во секој случај, на оној значаен дел на нејзините жители кој не беше зафатен со револуционерното безумие. Што се однесува на болшевиците, на чии декрети во врска со Црковниот Собор или не обраќаа внимание или отворено ги нарушуваа. Прочитај повеќе

Црква и револуција: Московски Собор 1917-1918

Црковниот Собор кој се одржа во храмот на Христа Спасителот во Москва на 15 август 1917 година се состоеше од 564 делегати меѓу кои имаше и 350 лаици. Од една страна, во неговата работа учествуваа такви делегати како отворениот масон Лвов, додека од друга, не беа присутни благочестивите иерарси како Митрополитот Московски Макариј, кој е исклучен поради своите монархистички ставови. Сепак, покрај овие и други мани, тоа беше првиот Собор во историјата на Руската Црква по 1667 г. и со тоа се покажа како преломен момент хармонизацијата и закрепнувањето на Црквата, во очи на грозните искушенија кои што ја очекуваа. Прочитај повеќе

Црква и револуција: Февруарска револуција

Сега, да се свртеме кон појавата која требаше да ја покоси руската држава и Руската Православна Црква, а преку неа и сета полнота на Црквата Христова на земјата, да ги доведе до самата граница на целосно уништување – Руската револуција.

„Страшно е и таинствено – напиша митрополит Анастасиј, вториот по ред првоиерарх на Руската Православна Црква Задгранична – мрачното лице на револцијата. Прочитај повеќе