Црква и револуција: Црквата и февруарската револуција

 Како Православната Црква реагираше на падот на православната монархија? Со изненадувачка рамнодушност, со обзир на огромното апокалиптично значење на тој настан. За жал, дури ни Светиот Синод во тоа време не се покажа дораснат за својата одговорност. Прво прашање кое што бара одговор се однесува на легитимноста на Привремената влада. Уставот на Руското Царство не допушта било какво преминување во не-монархијски, а особено не во анти-монархијски облик на владеење. Сепак, се покажа дека Синодот изгуби во тој критичен момент. На своето заседание од 26 Февруари синодот го одби барањето на Помошник Прокуратор кнез Н.Д. Жеваков, предизвикувачите на немири да ги казни со црковни казни. Потоа, на 27 Февруари го одби барањето на Прокуратор Н.П. Рајев јавно да ја подржи монархијата. Прочитај повеќе