Св. Јован Шангајски: Што подразбираме под зборот православен ?

Набрзо штом почнало учењето Христово почнало да се проповеда на незнабожците, следбениците на Христа во Антиохија, почнале да ги нарекуваат христијани (Дела 11, 26). Зборот христијанин ги означува оние, кои го носат ова име кое му припаѓа на Христос – во смисла, преданост на Христос и на Неговото Учење. Следбениците Христови со радост се нарекувале себе со името на својот љубен Учител и Господ, а непријателите Христови, ги нарекувале Неговите следбеници христијани, пренесувајќи  ја и на нив омразата со која дишеле против Христа.  Прочитај повеќе

Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: Вистинско Православие и лажно Православие (1)

 

archbishop-averkyСекој знае што е тоа фалсификувана банкнота. Тоа е банкнота која многу наликува на вистинската, и тоа толку многу наликува, што ја прифаќаат како вистинска. Но, во суштина се работи само за лажлива надворешност, всушност станува збор за имитација, за лажна банкнота која нема вистинска вредност.

Токму во таа смисла може да се зборува за “лажното православие”. Страшно е да се каже, но се чини, ние го доживеавме времето кога паралелно со многу други фалсификувани “вредности”, се појави и фалсификуваното православие, кое само на изглед ја има вистинската Христова вера, само однадвор ја покажува, додека всушност е лишено од вистинската внатрешна вредност, та така претставува само фалсификат кој го мами погледот. Прочитај повеќе