Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: Внимавај на себе!

 

– Беседа за Великиот Пост –

(5. Мој. 4,9)

 

Вака е именувана цела низа на поуки кои длабоко продираат во душата, а кои ги напишал големиот проповедник на покајанието преподобен Ефрем Сирин. Тие, според нашиот богослужбен устав, се читаат за време на целиот Велик Пост, но всушност, во нашите парохиски храмови веќе речиси не можат да се слушнат.

Еден од најголемите подвижници на Христијанската Црква, преподобниот Антониј Велики, размислувајки еднаш за длабочината на Божјите судови, смело го запрашал Бога: “Господи! Зошто некои умираат во младоста, а други живеат до длабока старост? Зошто некои се сиромави,а други се богати? Како тоа злочестивите, тираните и злосторниците блажат, во изобилство на секакви земни богатства, додека на благочестивите и праведните ги мачат неволји и немаштија?” Тогаш му дошол глас: Антониј! Внимавај на себе, а тоа се судови Божји и ти немаш полза од нивното познавање”. Прочитај повеќе