Велики Петок: Празен храм…

Сонував сон… Бев некаде во некој празен храм, тивок, без никаков народ. Среде самракот блед, под храмовиот свод, видов еден столб на срамот и таму Христа со јажиња врзан, прикован! Прочитај повеќе

Велики Петок

Во светиот и Велик Петок ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, пурпурната облека, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, по сето тоа – Крстот и смртта; а сето тоа се изврши во петок. Прочитај повеќе

Св. Јован, архиеп. Шангајски и Сан Франциски: Пред плаштаницата

Скрбно собрание. Жалосна глетка. Пред нас мртовец, притоа, невообичаен мртовец. Пред нас лежи Царот на небото и земјата, Творец на сета вселена. За нас умре Он… Ние згрешивме, а Он страда. Луѓето ја нарушија заповедта Господова, отстапија од Бога, а Бог, сакајќи да ги привлече кон Себе со Својата љубов, се мачи и умира за нив. Прочитај повеќе

Велики Петок

1. Тогаш Пилат Го фати Исуса и Го бичува.
2. И војниците, кога сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа багреница,
3. и велеа: „Радуј се, Царе Јудејски!” – и Го удираа по образите.
4. Пилат пак излезе надвор, со трнов венец и багреница. И им рече: „Еве, ви Го изведувам надвор, за да разберете дека не наоѓам во Него никаква вина.”
5. Тогаш излезе Исус надвор, со трнов венец и багреница. И им рече Пилат: „Еве Го Човекот!” Прочитај повеќе