Светогорскиот скит Св. Јован Крстител (Продром) престана со спомнување на патријархот Вартоломеј

Добивме информација дека светогорските монаси од скитот Продром, кој припаѓа на манастирот Велика Лавра, педесет на број, изгласале дека прекинуваат со секакво спомнување на патријархот Вартоломеј.

Братството на скитот е под огромен притисок на манастирот Велика Лавра, и од нив се бара да не престануваат со спомнувањето на патријархот Вартоломеј и да не ја објавуваат јавно донесената одлука. Одлуката на братството до тој степен го разјарила  игуменот на Велика Лавра, што речиси на фашистички начин, газејќи го илјадогодишниот типик на демократско управување, рекол дека од денес го укинува досегашниот начин на управување со скитот! Прочитај повеќе

Патријархот Вартоломеј со закана дека ќе го прекине Литургиското единство со Архиереите кои го критикуваат Кристскиот Собор

1450008963_1Се објави писмото на Константинополскиот Патријарх Вартоломеј до Атинскиот Архиепископ Јероним, од 18 ноември, 2016 г. За тоа пишува Аgionoros.

Загриженоста на претстојателот на Константинополската Црква е предизвикана од дејноста на редица грчки клирици и мирјани. По зборовите на патријархот Вартоломеј, со своите изјави по медиумите и социјалните мрежи, а исто така и со патувањата во некои Помесни Цркви, тие го поттикнуваат православниот народ кон „метеж и оспорување на резултатите на успешно одржаниот Свет и Велик Собор“. Прочитај повеќе