„Ангел во тело, основа на пророците, втор претеча на пришествието Христово…“ Со овие зборови Светата Црква го прославува големиот старозаветен праведник, кој живеел 900 години пред Христа – светиот пророк Илија, кој со својот необично строг подвижнички живот повеќе личел на ангел, отколку на човек.
Но, зошто светата Црква го нарекува втор претеча на Второто Христово Пришествие?