Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: Со екуменизмот треба одлучно да раскинеме

Со екуменизмот треба одлучно да раскинеме, и со неговите следбеници не треба да имаме ништо заедничко. Ние немаме што да бараме со нив. Ова одлучно треба да го кажеме и да покажеме на дело. За нас настапува време на вистинско исповедништво, кога можеби, и сами ќе останеме и ќе бидеме гонети. Прочитај повеќе

Архиепископ Аверкиј Џорданвилски (1906 – 1976)

Архиепископот Аверкиј е роден на 19 Октомври 1906 година во градот Казан, како Александар Павлович Таушев. Службата на татко му, благородник и висок државен службеник на Царска Русија, ги принудувала на често селење. Така, младиот Александар имал можност од прва рака да го запознае срцето на Русија, нејзините манастири  и светињи. Иако како дете ја напуштил татковината, сеќавањето на тие места не избледнале во него. Прочитај повеќе

За неумесноста и недопустливоста на организирање „дочек на нова година“

Прашање: Зошто Црквата не се спротивставува на дочекот на новата година според новиот календар? Штом дојде месец декември според новиот календар, нашите руски весници веднаш почнуваат да најавуваат „дочек на нова година“, која ја организираат разните руски организации. Најавите звучат многу примамливо: детално се набројува се што ќе се случува таму, се ветува пријатна и весела атмосфера, а потоа се упатува повик до сите да дојдат. Прочитај повеќе

Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: Црквата Христова – столб и тврдина на Вистината

“Ја празнуваме Педесетница и доаѓањето на Духот” – радосно пее Црквата во големиот и славен ден на Симнувањето на Светиот Дух врз Апостолите. Светиот Дух се симна врз Апостолите и на земјата се јави царството Божјо, дојдено во сила – за што прорекол Господ Исус Христос во времето на Својот земен живот (Марко 9, 10), Царството на Божјиот Дух, Христовата Црква, на која Господ и дал големо ветување дека „ вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мат. 16, 18). Прочитај повеќе

Архиепископ Аверкиј Џорданвилски: Внимавај на себе!

 

– Беседа за Великиот Пост –

(5. Мој. 4,9)

 

Вака е именувана цела низа на поуки кои длабоко продираат во душата, а кои ги напишал големиот проповедник на покајанието преподобен Ефрем Сирин. Тие, според нашиот богослужбен устав, се читаат за време на целиот Велик Пост, но всушност, во нашите парохиски храмови веќе речиси не можат да се слушнат.

Еден од најголемите подвижници на Христијанската Црква, преподобниот Антониј Велики, размислувајки еднаш за длабочината на Божјите судови, смело го запрашал Бога: “Господи! Зошто некои умираат во младоста, а други живеат до длабока старост? Зошто некои се сиромави,а други се богати? Како тоа злочестивите, тираните и злосторниците блажат, во изобилство на секакви земни богатства, додека на благочестивите и праведните ги мачат неволји и немаштија?” Тогаш му дошол глас: Антониј! Внимавај на себе, а тоа се судови Божји и ти немаш полза од нивното познавање”. Прочитај повеќе