ПРЕКИН НА ЦРКОВНОТО ОПШТЕЊЕ ВО СВЕТО-ОТЕЧКОТО ПРЕДАНИЕ (1)

Преподобен Максим Исповедник на сите тогашни патријарси им рече:

„Сите вие сте еретици, а јас со мојата мала група сум сета Православна Црква.“

Замислете ја таквата смелост.

„Што ќе правиш без свештенство?“

„Се причестивме уште пред вашиот пад и таа причест ни е доволна до смртта.“

Тоа е одговорност за верата!

Секој свештеник, секој монах и секој мирјанин мора така да биде одговорен за Православието.

 

Пред се, неопходно е да се прецизира, дека нашите иерарси постојано ја менуваат смислата на зборовите на св. Игнатиј Богоносец, кои се однесуваат на епископите, а всушност, инсистираат на тоа, дека светителот за епископите рекол: „…без епископ нема црква“. Сепак, зборовите на светителот означуваат нешто друго. Прочитај повеќе

Се спротивставува ли Света Гора на екуменизмот?

По повеќе отворени писма на светогорските монаси во кои го повикуваат Светиот Кинот на Света Гора, како управно тело на монашката република, да го осуди лажниот собор на Крит и да донесе одлука за оградување од Константинополскиот Патријарх во светогорските манастири, се огласи Светиот Кинот, со соопштение кое го пренесува порталот agionoros.ru. Прочитај повеќе

Повеќе од 50 ќелии на Света Гора престанаа да го спомнуваат Вселенскиот Патријарх

Дискусијата, поврзана со документите од Критскиот Собор, а исто така екуменистичките изјави на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, кој соопшти дека на 24 април, 2017 г. планира за првпат да ја посети познатата екуменистичка општина Тезе во Франција и да прими учество во екуменистичката молитва, доведоа до тоа повеќе од 50 ќелии на Света Гора да престанат да го спомнуваат на богослужбите, соопштува Русская Народная Линия. Прочитај повеќе

Нови поделби на Света Гора: Педесет ќелии престанаа со спомнување на Вселенскиот патријарх

Светогорските монаси се поделија на „за“ и „против“ Константинополскиот патријарх, на кого му е потчинета цела Света Гора, соопштува Интерфакс. Прочитај повеќе

Иеромонах Харитон од Света Гора за еретичките одлуки на Крит и неспомнувањето на епископите

Сакаш ли свет царе да дознаеш за тоа дека тие отстапиле од божествениот пат? Синот  (Божји) и Владика децидно му го говори тоа на народот: Јас сум вратата,(Јн.10.7) патот, вистината и животот (Јн.14.6) кој ќе влезе преку Мене ќе се спаси (Јн.10.9), а кој ќе влезе поинаку, тој е крадец и разбојник (Јн.10.2). (од Посланието на Света Гора против Лионската унија од 1274 год.)

Прво морам да кажам неколку зборови за тоа што навистина е екуменизмот и за каква ерес станува збор. Екуменизмот настана во световните кругови. Од историска перспектива можеме да кажеме дека екуменизмот е движење кое настанало по Втората светска војна – 1948 год. Со цел да ги обедини различните протестантски групи. Несреќата е во тоа што уште од самиот почеток во ова движење била вклучена и Вселенската Патријаршија во Цариград, сакајки така да стапи во Светскиот сојуз на црквите и таму да го оствари правото на рамноправно членство. Прочитај повеќе