Сонував сон… Бев некаде во некој празен храм, тивок, без никаков народ. Среде самракот блед, под храмовиот свод, видов еден столб на срамот и таму Христа со јажиња врзан, прикован! Прочитај повеќе
ЗА СВЕТАТА ПРИЧЕСТ
Од житието на свети Јован Шангајски и Сан Франциски Чудотворец
Еднаш се случи некој од болните да ги исплука светите дарови. И тогаш повторно се пројави непоколебливата вера на човекот Божји:
„Госпоѓа Мешников ја касна бесно куче. Одбила да ги прими пропишаните инекции или тоа немарно го направила… и од страшната болест се разболе. Штом дозна за тоа, владиката Јован со Светите Дарови побрза кај жената која умираше. Прочитај повеќе
ОДЛУКА ЗА КАНОНИЗАЦИЈА НА РУСКИТЕ НОВОМАЧЕНИЦИ
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух
Соборот на епископи на Руската Православна Црква Задгранична со длабока почит го разгледа подвигот на мачеништво и исповедништво на безбројните верници на руската земја кои пострадаа од рацете на безбожниците – гонителите на верата Христова.
Уште од времето на Великиот Кнез Владимир рускиот народ со сето срце ја прифати православната вера. Таа ги вдахновнувала бројните свети кнезови, иерарси и подвижници осветувајќи ги христијанските темели на руската култура. Прочитај повеќе
СВЕТО БОГОЈАВЛЕНИЕ НА НАШИОТ ГОСПОД И БОГ И СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС
СИНАКСАР НА КРШТЕНИЕТО ГОСПОДОВО
По своето враќање од Египет, нашиот Господ Исус Христос беше во Галилеја, во својот град Назарет, каде што и беше воспитан до триесеттата своја година, криејќи ја од луѓето силата и семудроста на своето Божество. Зашто кај евреите никому не му беше допуштено пред триесетата година да има учителско или свештеничко достоинство. Поради тоа и Христос до своите триесет години не почна со проповед, ниту пак објави дека е Син Божји и Велик Архиереј. Прочитај повеќе
Раѓање на Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос
Кога се исполни времето Бог го испрати Својот Единороден Син (Гал. 4,4), да го спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовештението кој и го соопшти архангелот Гавриил на Пресвета Дева, во Назарет, говорејќи: Радувај се благодатна!… еве ќе зачнеш и ќе родиш Син (Лк. 1, 28-31), во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се направи попис на целиот народ во римското царство. Прочитај повеќе