Велики Петок: Празен храм…

Сонував сон… Бев некаде во некој празен храм, тивок, без никаков народ. Среде самракот блед, под храмовиот свод, видов еден столб на срамот и таму Христа со јажиња врзан, прикован! Прочитај повеќе

ОДЛУКА ЗА КАНОНИЗАЦИЈА НА РУСКИТЕ НОВОМАЧЕНИЦИ

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух

 

Соборот на епископи на Руската Православна Црква Задгранична со длабока почит го разгледа подвигот на мачеништво и исповедништво на безбројните верници на руската земја кои пострадаа од рацете на безбожниците – гонителите на верата Христова.

Уште од времето на Великиот Кнез Владимир рускиот народ со сето срце ја прифати православната вера. Таа ги вдахновнувала бројните свети кнезови, иерарси и подвижници осветувајќи ги христијанските темели на руската култура. Прочитај повеќе

СВЕТО БОГОЈАВЛЕНИЕ НА НАШИОТ ГОСПОД И БОГ И СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС

СИНАКСАР НА КРШТЕНИЕТО ГОСПОДОВО

По своето враќање од Египет, нашиот Господ Исус Христос беше во Галилеја, во својот град Назарет, каде што и беше воспитан до триесеттата своја година, криејќи ја од луѓето силата и семудроста на своето Божество. Зашто кај евреите никому не му беше допуштено пред триесетата година да има учителско или свештеничко достоинство. Поради тоа и Христос до своите триесет години не почна со проповед, ниту пак објави дека е Син Божји и Велик Архиереј. Прочитај повеќе

Раѓање на Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос

Кога се исполни времето Бог го испрати Својот Единороден Син (Гал. 4,4), да го спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовештението кој и го соопшти архангелот Гавриил на Пресвета Дева, во Назарет, говорејќи: Радувај се благодатна!… еве ќе зачнеш и ќе родиш Син (Лк. 1, 28-31), во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се направи попис на целиот народ во римското царство. Прочитај повеќе

Мироточива икона на Св.Николај Мирликијски Чудотворец

Оваа икона замироточи на самиот ден на св.Николај Мирликијски Чудотворец на 06/19.12. 1996 год. О. Илија Вамке  е чувар на оваа мироточива икона во храмот Св. Николај Чудотворец во Невада, Лас Вегас кој е под омофорот на Блаженејшиот Димитриј, Архиепископ на Америка. Прочитај повеќе