ЧУДО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Сторија за чудесно избавување од сигурна смрт

Веста за чудесното избавување од смрт на наредникот на грчките воени сили Василики Плексида беше широко опфатена од медиумите во Грција. Ова чудо се случи на 19 април 2017 година, кога 26-годишната Василики Плексида и нејзиниот тим спроведуваа рутински патролен лет во планинските предели на северна Грција. Прочитај повеќе

За неумесноста и недопустливоста на организирање „дочек на нова година“

Прашање: Зошто Црквата не се спротивставува на дочекот на новата година според новиот календар? Штом дојде месец декември според новиот календар, нашите руски весници веднаш почнуваат да најавуваат „дочек на нова година“, која ја организираат разните руски организации. Најавите звучат многу примамливо: детално се набројува се што ќе се случува таму, се ветува пријатна и весела атмосфера, а потоа се упатува повик до сите да дојдат. Прочитај повеќе

Црква и Револуција: Националистички интернационализам

Ако хилијазам-утопизам претставува една од најстарите јудео-христијански ереси, поделба на светот на „чисти“ и „нечисти“ класи, нацијата е уште постара. Таа беше и предмет на првиот црковен Собор кој што е одржан во Ерусалим под претседавање на апостол Јаков. Ако и големиот апостол на обрезанието, свети Петар, макар и на кратко ја прифатил таа поделба, тогаш, не изненадува што отпадниците евреи и марксисти-ленинисти ја овековечија? Ова искушение не е карактеристично само за евреите: национализмот, издигнувањето на сопствениот народ или класа како суштински супериорна во однос на сите други – тоа е вечно искушение на сите народи, а кај некои православни народи никогаш не било поголемо од денес. Прочитај повеќе

Револуција: 1. Детерминистичко ослободување

Ако се осврнеме на философските основи на револуцијата, ќе видиме дека истиот тој еврејски елемент е нераскинливо испреплетен со него – и тоа не само поради фактот дека помеѓу теоретичарите на револуцијата има толку многу евреи. Како што истакна Бертранд Расел, многу елементи на марксистичкиот систем потсетуваат на јудеизам: исто стремење кон ветената земја, сега и овде (комунизам и изумирање на државите), иста поделба на светската популација на избран народ (протелеријат) и гоја (експлоатирана класа), како и лута омраза кон овие последниве, потоа, истиот култ на лажен месија (непогрешливоста на лидерот на партијата). Прочитај повеќе

За болестите

 

„Болеста не е казна и не е знак на Божја немилост. Напротив, и таа е милост Божја. Се што е од Бога е милост – било болест, било сиромаштија, било каква друга несреќа. Сестрите усрдно нека се молат на Бога, но во молитвата нека не говорат: „Подај ми здравје“, туку: „Нека биде Твојата волја, Господи! Слава Ти, Господи! Ако Ти е угодно, Господи, избави ме, а ако не Ти е угодно, нека биде волјата Твоја“. Верувам дека болеста е добра, исто како што е добро и здравјето. Прочитај повеќе