СВ.ФИЛАРЕТ МОСКОВСКИ: ПОУКИ ЗА ДУХОВНИОТ ЖИВОТ

Само смирението може да и донесе мир на нашата душа. Душата која не е смирена и која постојано е во вртлогот на страстите, мрачна е и матна како хаос. Дозволете и да најде сила во смирението и дури тогаш во неа ќе се појави вистинска светлина. Дури тогаш во неа ќе настане складен свет на исправни помисли и чувства. Прочитај повеќе

ПРЕПОДОБЕН ЈОВАН МОСХ: ЛИМОНАР (18)

ГЛАВА 38

Смртта на нечестивиот цар Анастасиј

 Ни раскажуваше некој од христољубивите луѓе за царот Анастасиј, бидејќи ги симна (од архиерејскиот трон – заб. СВЕТА РЕВНОСТ) Ефимиј и Македониј[1] и ги протера во Евхаит Понтијски бидејќи останаа верни на Халкидонскиот Собор Прочитај повеќе

ПРЕПОДОБЕН ЈОВАН МОСХ: ЛИМОНАР (17)

ГЛАВА 37

 За епископот кој го остави својот трон и се вработи како обичен работник

Од отците слушнавме за некој епископ кој ја напуштил својата епископија и отидел во Теoполис каде што живеел работејќи и помагајќи им на ѕидарите. Во тоа време управник на целата источна област беше Ефремиј[1], маж милостив и добродушен. Прочитај повеќе

ПРЕПОДОБЕН ЈОВАН МОСХ: ЛИМОНАР (16)

ГЛАВА 36

 За тоа како патријархот антиохијски Ефремиј[1] преобрати еден севиријански монах

Некој од отците ни раскажа за блажениот Ефремиј, патријархот антиохијски, дека бил голем ревнител за православната вера.

Кога еднаш слушнал за некој столпник кој живеел во околината на Ерапол, а имал литургијско општење со еретиците севиријани и акефали, кои себе се отсекле од светата православна вера, тргнал кај него со намера да го врати под закрила на Црквата.  Прочитај повеќе

ПРЕПОДОБЕН ЈОВАН МОСХ: ЛИМОНАР (15)

ГЛАВА 34

 За патријархот Александар[1]

Градот Теуполис имал и еден друг патријарх по име Александар, кој бил многу милостив и срдечен човек.

Еднаш, некој од неговите службеници украдел дел од неговите драгоцености и поради страв побегнал во египетска Тиваида. На патот го пресретнале крвожедни етиопски варвари и го одвеле со себе во своите краеви. Прочитај повеќе