Св. Марко Ефески: За вистинската вера

 

До сега имавме Вера која немаше недостатоци во ништо, па затоа не ни е потребен Собор или Акт на унија за да се научиме на нешто ново… Се надеваме дека со неа ќе излеземе пред Бога и ќе добиеме прошка на гревовите, а без неа незнам каква праведност ќе не ослободи од вечните маки ? Оној кој настојува да ја отфрлиме оваа вера и да воведеме друга, нова, ако е и ангел од небото – нека е анатема, и да исчезне секој спомен за него и пред Бога, и пред луѓето. никој нека не е господар во нашата вера, ниту цар, ниту архиереј, ниту лажен Собор, ниту било кој друг, туку само Единиот Бог Кој и ни ја предаде, и Сам и преку Своите ученици.

Соборите ги осудија оние кои немаа послушание кон Црквата, туку го држаа мислењето кое е спротивно на нејзиното учење. Јас не го изразувам своето мислење, не воведувам ништо ново во Црквата, ниту пак бранам некакви заблуди. Јас цврсто го чувам учењето кое Црквата, примајќи го од Христа нашиот Спасител, отсекогаш го чувала и го чува… А кој може да го наклевети и собори Неговото учење? Ако јас цврсто стојам во ова учење и не сакам да го отфрлам, кој се осудува да ме осуди како еретик? Прво морате да го осудите учењето кое што го бранам, но бидејќи едногласно е примено како свето и православно, како тогаш заслужувам осуда?..

Св. Марко Ефески

Велики Петок: Празен храм…

Сонував сон… Бев некаде во некој празен храм, тивок, без никаков народ. Среде самракот блед, под храмовиот свод, видов еден столб на срамот и таму Христа со јажиња врзан, прикован! Прочитај повеќе

ЗА СВЕТАТА ПРИЧЕСТ

Од житието на свети Јован Шангајски и Сан Франциски Чудотворец

Еднаш се случи некој од болните да ги исплука светите дарови. И тогаш повторно се пројави непоколебливата вера на човекот Божји:

„Госпоѓа Мешников ја касна бесно куче. Одбила да ги прими пропишаните инекции или тоа немарно го направила… и од страшната болест се разболе. Штом дозна за тоа, владиката Јован со Светите Дарови побрза кај жената која умираше. Прочитај повеќе

СВЕТО БОГОЈАВЛЕНИЕ НА НАШИОТ ГОСПОД И БОГ И СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС

СИНАКСАР НА КРШТЕНИЕТО ГОСПОДОВО

По своето враќање од Египет, нашиот Господ Исус Христос беше во Галилеја, во својот град Назарет, каде што и беше воспитан до триесеттата своја година, криејќи ја од луѓето силата и семудроста на своето Божество. Зашто кај евреите никому не му беше допуштено пред триесетата година да има учителско или свештеничко достоинство. Поради тоа и Христос до своите триесет години не почна со проповед, ниту пак објави дека е Син Божји и Велик Архиереј. Прочитај повеќе

СВ. НИФОНТ КИПАРСКИ: РАЗЛИКУВАЊЕ НА ПОМИСЛИТЕ

Кога некако си дојде на себе од запрепастувањето посетителот повторно го запраша:

 – Те молам Старче, кога веќе ги знаеш сите мои помисли, кажи ми од каде ми дојде таа помисла? Дали јас ја создадов или од некаде дојде? Прочитај повеќе