Невозможно е за оние кои ги поминуваат своите животи во постојано практикување на ноќни бденија да бидат оставени од Бога без големи дарови заради нивното бдеење, нивната будност на срцето, и внимателното насочување на нивните мисли кон Него. Душата која се труди во практикувањето на бденија и се надминува во тоа, ќе има очи на Херувим, така да може во секое време да гледа нагоре и да ги созерцува небесните работи.
– Свети Исаак Сириски
Дан. 12, 3: „И разумните ќе сјаат како светилата на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда – како ѕвездите, во веки, засекогаш“.
Мaт. 5, 16: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да го прослават вашиот Отец небесни“.
Мaт. 13, 43: „Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во царството на нивниот Отец, кој има уши да слуша, нека чуе!“
Имав четирнаесет години кога, откако отидов во црква една недела, јас првпат се поврзав со Старец Јоаким (иако тогаш не го знаев тоа). Во задниот дел на црквата, имавме копии од списанието на Светиот Синод од Грција. На последната страна на списанието, имаше еден дел посветен на споменот на Старец Нектариј „Духовниот отец“ од Света Гора. Во тоа време имав голема желба да Му го посветам мојот живот на Бога, посветување кое (во тоа време) беше помешано со желбата да го сторам тоа на Света Гора Атонска. Бев толку вљубен во Атонска Гора, што и самото име ми донесуваше топлина, мир, утеха и радост. Иако имав желба да одам на Атос, се надевав дека ќе најдам место што му припаѓа на нашиот Свет Синод. Во тој период, јас исто така му пишав на Архиепископот Авксентиј блажено-спомнуваниот, објаснувајќи му дека сакам да станам монах, и дека имам желба да одам на Атос. Пред да го добијам неговиот одговор, видов дека овој отец Нектариј бил од ќелијата на Свети Ефтимиј. Па така, јас го испратив моето прво писмо без да знам кој е старец на оваа ќелија, или дали воопшто има некој таму, туку полагајќи ја мојата надеж во Бога преку молитва. Меѓутоа мојата желба беше скришна, па така кога му пишував на кого било, барав во одговорот да не спомнуваат дека јас сакам да станам монах, за да не се случи моите родители да го отворат писмото и да ја прочитаат неговата содржина. Прочитај повеќе →
Број на посети:
131