ХАРБИНСКИ ПАСТИР
Во Харбин отец Филарет водел голема црковна и пастирско – проповедничка дејност. Веќе првите години од своето служење во свештенички чин тој привлечел многу луѓе кои го барале духовниот пат. Богослужбите кои ги извршувал со огнена вера и неговите вдахновени проповеди придонеле храмовите да бидат полни со луѓе кои се молат. Луѓето во голем број оделе во храмот каде што служел о. Филарет. Него го сакале сите жители на Харбин. Неговото име се прочуло и надвор од границите на Харбинската епархија. Прочитај повеќе