Духовната власт на пастирот и слободата на личноста на духовното чедо (2 дел)

Духовникот не живее на место своето чедо

 

Потребниот и  правилен однос во духовното раководење го дефинира свети Теофан Затвореник: „Раководителот е патоказ, а секој сам треба да оди по патот и да гледа и пред нозете и на страна.“[1] Исто така, во друго писмо пишува одговор: „Повелете самите да одете, а јас ќе ви ги опишувам патиштата и раскрсниците. Повеќе од тоа не можам да ви ветам.[2] Прочитај повеќе

Света Гора е против правењето „копии“ на атонските чудотворни икони

Свештениот кинотис на Света Гора се огласи во врска со масовната пракса во последните години да се прават „копии“ на прочуените чудотворни икони на Атон, кои потоа се „интронизирани“ во разните митрополии и парохии. Управата на Света Гора на 15 Февруари испрати писмо до сите манастири и нивните скитови „да се воздржат и да избегнуваат вакви појави“ согласно со решението на кинотисот уште од крајот на минатата година. Прашањето ќе биде разгледано на двојниот собор (се состои од постојаните претставници и од игумените на 20 – те манастири) на Света Гора за конечно решение. Прочитај повеќе

Недела на Православието

На оние кои ја напаѓаат Црквата Христова и учат дека таа се поделила на гранки кои помеѓу себе се разликуваат по своето учење и начин на живот, и учат дека Црквата не постои на видлив начин, туку дека таа ќе настане од гранки, расколи и неправославни учења, преку нивно соединување во едно тело, и оние кои не го разликуваат вистинското свештенство и Светите Тајни од еретичките, туку учат дека крштението и евхаристијата на еретиците се доволни за спасение, и оние кои имаат општење со споменатите еретици, кои им помагаат, или пак ја штитат нивната нова ерес наречена екуменизам, притоа помислувајќи дека тоа е братска љубов и начин за соединување на разделените христијани, нека е: анатема.
Прочитај повеќе

Црква и револуција – 2

Како што веќе спомнавме, борбата помеѓу екукомунизмот и Црквата јасно беше наговестена преку борбата на писателот Лав Толстој кој истапуваше во името на христијанството, но сведено на „чиста“ моралност – без Црквата, Светите Тајни или било каков „натприроден“ елемент, и свети Јован Кронштатски, кој со својот чудесен живот исполнет со добродетели и чудеса, демонстрираше дека христијанството не е во човечката мудрост, туку во силата Божја (1. Кор. 2, 5). Прочитај повеќе

Недела на блудниот син

 Откако Адам згреши пред Бога и се одалечи од Него гревот стана неразделен сопатник на секој човек. Тој зол тиранин кој што ја измачува секоја човечка душа, и нанесува  крвави рани од кои што страда и се мачи секој земнороден.

Но, колку и да е голем гревот, колку и да ја притиска и измачува нашата душа, секогаш во пресрет ни доаѓа Добриот Самарјанин Кој е единствен Лекар и Кој вистински може да ја излекува нашата многу напатена и многу страдална душа. Единствен услов за тоа е, ние грешниците да го побараме тоа, бидејќи нашиот Господ и Бог ни дал слободна волја. А дека тоа е навистина така, дознаваме преку параболата за блудниот син: Прочитај повеќе