Св. Марко Ефески: За вистинската вера

 

До сега имавме Вера која немаше недостатоци во ништо, па затоа не ни е потребен Собор или Акт на унија за да се научиме на нешто ново… Се надеваме дека со неа ќе излеземе пред Бога и ќе добиеме прошка на гревовите, а без неа незнам каква праведност ќе не ослободи од вечните маки ? Оној кој настојува да ја отфрлиме оваа вера и да воведеме друга, нова, ако е и ангел од небото – нека е анатема, и да исчезне секој спомен за него и пред Бога, и пред луѓето. никој нека не е господар во нашата вера, ниту цар, ниту архиереј, ниту лажен Собор, ниту било кој друг, туку само Единиот Бог Кој и ни ја предаде, и Сам и преку Своите ученици.

Соборите ги осудија оние кои немаа послушание кон Црквата, туку го држаа мислењето кое е спротивно на нејзиното учење. Јас не го изразувам своето мислење, не воведувам ништо ново во Црквата, ниту пак бранам некакви заблуди. Јас цврсто го чувам учењето кое Црквата, примајќи го од Христа нашиот Спасител, отсекогаш го чувала и го чува… А кој може да го наклевети и собори Неговото учење? Ако јас цврсто стојам во ова учење и не сакам да го отфрлам, кој се осудува да ме осуди како еретик? Прво морате да го осудите учењето кое што го бранам, но бидејќи едногласно е примено како свето и православно, како тогаш заслужувам осуда?..

Св. Марко Ефески

ОДЛУКА ЗА КАНОНИЗАЦИЈА НА РУСКИТЕ НОВОМАЧЕНИЦИ

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух

 

Соборот на епископи на Руската Православна Црква Задгранична со длабока почит го разгледа подвигот на мачеништво и исповедништво на безбројните верници на руската земја кои пострадаа од рацете на безбожниците – гонителите на верата Христова.

Уште од времето на Великиот Кнез Владимир рускиот народ со сето срце ја прифати православната вера. Таа ги вдахновнувала бројните свети кнезови, иерарси и подвижници осветувајќи ги христијанските темели на руската култура. Прочитај повеќе

Ватикан ќе изнајде начин да повика на Вселенски Собор

 

Во последно време како да се стишија страстите околу „Осмиот“ волчји собор. За него малку се зборува, не се спомнува. Но, во реалноста соборот не е откажан. Прочитај повеќе

СВЕТА ГОРА: НИЕ СМЕ НА СТРАНАТА НА ПАТРИЈАРХОТ И НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ ДА БИДЕ ПОНИЖЕН

Според грчкиот портал Ромфеа, Свештената општина Света Гора по вчерашната седница соопшти: „Света Гора е на страната на Вселенската Патријаршија и нема да дозволиме никој да ја понижува. Хеленизмот и Вселенската Патријаршија имаат примат во православието. Света Гора сака да го сочува мирот и единството на Црквата, но светогорците нема да дозволат било кој да го понижува хеленизмот и Вселенската Патријаршија“. Прочитај повеќе

ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА ИЗВРШИ „ПОГРЕБАЛНА ЦЕРЕМОНИЈА“ НА КУЧЕ

Голем скандал се случи во еден храм на Цариградска Патријаршија во Соединетите Американски Држави. Екуменизмот си го прави своето. Свештеник на Вселенската Патријаршија во Детроит изврши погребална церемонија на полициско куче. Кучето беше кремирано и неговиот прав беше положен пред иконостасот и „испратен“ со звуци на гајда. Прочитај повеќе