Што е 8 март и зошто го одбележуваат само поранешните комунистички земји

 

8 март кој некаде се одбележува како “ден на жената” звучи убаво на површината но има многу ужасна позадина. Тоа е ден кога со крвопролевање и братоубиство, болшевиците во Петроград ја започнале револуцијата и граѓанската војна во 1917 година.

Февруарската револуција започнала на 8 март и траела до 12 март (23. И 27 февруари според јулијанскиот календар) и неговата непосредна последица е абдицирањето на царот Николај II, колапсот на Руската империја и крајот на династијата Романови.

За време на протестите кои ги организирале  комунистичките терористи на чело со Ленин, пристигнале во блиндирани германски вагони среде борбите во Првата Светска Војна. Возот го следеле двајца германски офицери и нејколку војници. Тргнале од Швајцарија и стигнале на Финската станица во Петроград за помалку од два дена и ја започнале февруарската револуција на 8 март според новиот календар, кој според стариот календар е февруари и затоа револуцијата е именувана февруарска.

Австрискиот романописец и биограф Стефан Цвајг напишал: “Милиони убиствени топови се испукани во светската војна… Но, ниту еден куршум не бил далекусежен и не делувал толку одлучно на судбината на поновата историја како тој воз кој е наполнет со најодлучните револуционери на векот, во тој час тргнат од швајцарската граница преку цела Германија за да стигне во Петроград и потоа да го растури поредокот на времето.” Царот Николај бил принуден да абдицира на 15 март.

Ленин подоцна го востановил тој ден и црвената роза како симбол на пролеаната крв…поради жените болшевици кои демонстрирале под паролата “леб и мир”, барајки од рускиот Цар Николај да ја повлече Русија од војната.

 Во 70-тите години од минатиот век, комунистичките земји во ОН протуркале да им се “признае” овој празник, меѓутоа западните земји не само што не го обележуваат, туку и обичниот народ во сите нормални општества дури и не знае за постоењето на тој “празник”.

Наместо славење и честитки на овој крвав ден и злостор, треба да се сетиме на маченичката смрт на рускиот цар Николај, на неговата сопруга Александра, на нивните мали и невини деца и на околу 20 милиони руси, кои пострадале од рацете на оние што го вовеле 8 март како крвав црвен празник.

Александар Солжењицин во своето големо дело “Архипелаг ГУЛАГ” ја покажал вистинската смисла на овие слични “празници” на злосторството, а подоцна рекол дека славењето и обележувањето на овој и на сличните комунистички “празници” е соучество во злоделото и негово подражавање.

Еден голем српски монах рекол дека секое обележување на 8 март како измислен празник на злосторниците е негирање на христијанската љубов и отфрлање на вистината и на сите принципи на православната вера.  Нашата црква ги утврдила благословените празници на мајката, таткото и децата, но тоа, секако, не е ставено на ниво на државни празници.

Сите ние што не сме знаеле ништо за сето тоа, не треба да се чувствуваме криви. Сега знаеме па ќе постапуваме поинаку.

Превод: СВЕТА РЕВНОСТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *